Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Летото е период во кој сме поактивни, губиме повеќе течности како резултат на топлото време и сето тоа може соодветно да го надоместиме со помош на правилна исхрана.
Прочитајте кои совети се најкорисни за исхраната во овој период од годината.
1. Хидрирајте го телото
Знаеме дека треба да бидеме хидрирани во текот на целата година, но кога станува збор за летниот период, ова правило е особено важно да го почитувате. Водете сметка да пиете барем по 6 чаши вода дневно, на кои може да им додадете лимон или некое друго овошје. Исто така, конзумирајте храна која содржи вода, како краставиците, пиперките, спанаќот, лубеницата, јагодите и црешите.
2. Уживајте во овошен десерт
Многумина имаат навика да јадат сладолед во текот на целото лето. И иако е слатко освежување на кое речиси не можеме да му одолееме, сладоледот е полн со шеќери, вештачки сирупи, хемиски адитиви и вештачки бои. Наместо сладолед од маркет, направете си домашен овошен десерт, како овошна салата или домашен ниско калоричен сладолед.
3.Избегнувајте алкохол
Веруваме дека летото често пати асоцира на многуте варијатни на летни коктели и ладни алкохолни напитоци. Но, честата конзумација на истите може да ја зголеми вашата тежина и да предизвика здравствени проблеми. Во ред е да уживате во некој коктел, од време на време, но немојте да дозволите тоа да ви стане навика. Свежо цедениот сок од портокал и лимон нека биде ваш прв избор.
4. Сировото е подобро
Летото е одлично време да уживате во сировата храна, во разновидното овошје и зеленчук. Свежата и необработена храна е особено важна во текот на летото, не само поради тоа што е здрава за телото, туку и како превенција од појава на разни болести и труење од храна, кои се почести во летниот период, како резултат на високите температури.
5.Зеленчук на скара
Летото е период кога многу често сте дел од „дружење на скара“. Но, одличен начин да ја зачувате вашата линија е да кознумирате зеленчук подготвен на скара. Во комбинација со пилешко месо, исто така подготвено на скара, ќе добиете вкусен и здрав оброк кој ќе ве држи сити долго време. Зелечукот подготвен на скара не содржи масти, има многу хранливи вредности и има ниско ниво калории. Тиквички, моркови, модар домат, печурки, домати, пиперки, се само дел намирниците кои може да ги подготвите на скара.

6. Појадувајте салата
Започнувањето на денот со здрава салата е одличен начин да останете фит цело лето. Многу истражувања покажуваат дека луѓето кои конзумираат свежа салата за појадок имаат помалку килограми. Но, мора да внимавате, да не користите разни сосови за салата, кои се преполни со масти, сол и калории.
7. Експериментирајте со меѓуоброците
Многу пати досега сме ја истакнувале важноста на меѓуоброците во текот на денот. Летниот период е совршен за замена на нездравите грицки со вкусни меѓуоброци како моркови, целер, краставици или некое овошје. Наместо да посегнете по кесичка чипс, направете план за здрави меѓу оброци, особено на работното место, каде најчесто бараме брзо задоволување на гладта. Ова се нашите предлози.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Овулација, најплодни денови и како да ги препознаете
Разбирањето на овулацијата е клучно за секоја жена која сака да забрем...
Малите победи што значат сe во процесот на IVF
Патот кон родителство преку ин витро оплодување ретко е едноставен. То...
Кога бременоста не е „само нормална“?
Бременоста е природен и неверојатен процес, но тоа не значи дека секој...
Како изгледа првиот преглед кај специјалист за плодност
Првиот преглед кај специјалист за плодност не е само медицинска процед...
Што да јадете, а што да избегнувате во бременост?
Бременоста е период кога исхраната има директно влијание врз здравјето...