|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Разлика меѓу нашето и детството на нашите деца

Редакција Рингераја, 4.9.2015
Како на децата им се зборуваше порано, а како им се зборува денес?
Клучни зборови:

image
/11


 

1985

Си се извалкал надвор, мора да било лудо. Стави ги алиштата за перење.

2015

Ни случајно да не си се извалкал надвор! Не скокај, не трчај, не влечкај се по подот.

 

1985

Не можеш да станеш од масата се додека не изедеш се.

2015

Не ти се допаѓа храната? Веднаш ќе ти направам нешто друго.

 

1985

Ако ти остане нешто ситно, купи си Чунга Лунга.

2015

Во корпата веќе стави 5 колачи. Овој ти е навистина последен.

 

1985

Врати се дома, не може до толку доцна да се игра надвор.

2015

Стани веќе еднаш од компјутерот и оди поиграј малку надвор.

 

1985

Учителката те казнила? Добро, веројатно си заслужил.

2015

Утре веднаш одам кај директорот. Не може таа така да се однесува со моето дете.

 

1985

Се скаравте со Марко? Добро, ќе го решите тоа утре сами.

2015

Марко ти се дерел? Утре ќе и се јавам на мајка му.

 

1985

Цртан филм пред дневникот и право во кревет.

2015

Веќе два часа гледаш телевизија, помина 22 часот, ајде во кревет.

 

1985

Возрасните треба да се поздравуваат. Секогаш вели “Добар ден”.

2015

Немој да му се обраќаш на никого кого не го познаваш.

 

1985

Ја искина омилената играчка? Сега ќе научиш добро да се грижиш за своите работи.

2015

Те молам немој да плачеш. Утре тато ќе ти купи нова, иста ваква.

 

1985

Почитувана учителке, Иван малку кашла и носето му тече, но сепак го пуштив на училиште.

2015

Ало учителке, Иван малку кашла и носето му тече, оваа недела нема да доаѓа на училиште.

 

1985

Паметот во глава.

2015

Веднаш јави ми се на мобилен ако се случи нешто.

 

1985

Ако не учиш ќе копаш канали, ќе чистиш WC, ќе бидеш метач.

2015

Ако учиш мама и тато ќе ти купат се што сакаш.

 

1985

Немој да повторувам по два пати.

2015

Смири се и јади.Смири се. Јади. Те молам смири се и јади. Ме слушаш? Смири се малку. Јади.

 

1985

Не ме интересира кој е крив. Веднаш да ја исчистите собата и тоа да го поправите.

2015

Одете сега во дневната соба да го исчистам тој неред кој сте го направиле.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
4
Да имаш постара сестра е најдобро нешто на...
Кога бевте деца, скришно ти купуваше колачи. Кога малку пораснавте, преку неа се набави и првото пиво и со неа беше поле...
4
Дали сум добра мајка?
Сите знаеме дека односите со нашите деца не значат секогаш само љубов. Понекогаш има и гнев, досада, напрегање. За овие ...
4
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?