Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Транзицијата од зима кон пролет не е безболна, дури ни за најмалите. Всушност, не е необично што децата исто така покажуваат т.н. типични симптоми на пролетен замор - замор, губење на апетит, раздразливост и несоница, кај други симптомите се со спротивна насока - хиперактивност, немир итн. Како можат да помогнат родителите за ублажување на ова нерасположение?
Правилна исхрана

Во овој период е особено важно да се обезбеди усвојувањето на сите важни хранливи состојки за детскиот организам, додека се редуцира количеството на примените животински масти, рафинирани брашна и шеќери. Тоа значи дека децата треба да прифатат повеќе сезонски овошја и зеленчук (дури во форма на пијалаци и свежо цедени сокови), цели зрна, лесни протеини (бело месо, риба на пареа, јајца, свежо сирење) и вода.
Пчелините производи - мед, матичен млеч, итн исто така се сметаат за ефикасни решенија во борбата со пролетниот замор кај децата. Особено корисно е матичен млеч, која е богат со витамини, микроелементи и ензими. Пчелниот полен исто е корисен, под услов да не биде алерген.
Прифаќање на витамини и минерали

За да се поврати најдобриот физички и психички тонус на детето, неопходно е тоа да прима витамин Б (кој може да се добива преку јајца, зрнести производи, риба и млеко) и витамин Ц (кој се содржи во цитрусовите овошја, зелениот зеленчук и јаболката ). Освен тоа е корисно примањето на магнезиум, фосфор, бакар, цинк и железо. Доколку се консумираат како додатоци и преку храната, детето ќе се чувствува енергично и среќно, а организмот ќе биде тонизиран во текот на целиот ден.
Обезбедување на квалитетен сон

Промената во времетраењето на денот и покачувањето на температурите можат да го нарушат нормалниот ритам на сонот. Недостатокот на квалитетен сон, од своја страна води на нарушување на концентранцијата и раздразливост. Затоа режимот на спиење е особено важен во овој период.
Редовноста на сонот, избегнување на гледање телевизија и стоење пред таблет или телефон пред спиење, како и забрана за прифаќање на штетни храна кои секогаш имаат стимулативно дејство врз детето, се важни чекори во насока на смирување на сиптомите на пролетниот замор.
Физичка активност

Исто така не треба да се запостави физичката активност и времето поминато во игри на отворено.
Одвојте време за повеќе прошетки на отворено со вашето дете. Поддржете го секој негов интерес за даден спорт. Спортот е една од најдобрите и ефективни средства за да се избори со пролетниот замор.
10
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Топол дом без големи сметки: најдобрите трикови
Зимата носи убави моменти, но и високи сметки за греење. Добрата вест ...
Кратки, но ефективни домашни тренинзи за почетници
Не мора да одите во теретана за да бидете активни и здрави. Со само 15...
Како да се подготвите психички за породување?
Психичката подготовка за породување е исто толку важна како и физичкат...
Разводот не е неуспех, туку крај на едно поглавје
Во општество што сe уште го гледа бракот како на нешто што „мора да тр...
Нормален крвен притисок. Кога е висок, а кога низок?
Крвниот притисок е еден од најважните показатели за здравјето на срцет...
Доење.
пеперутка16
Колку долго мислите дека треба да се дои едно дете?