vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Кога станавте родител за прв пат, водевте интензивна грижа за своето малечко! На бебињата им сте потребни за се. Константно ги храните, бањате, пресоблекувате и многу други работи...
Но се разбира, како нашите деца растат, така се менуваат и нивните потреби. Хранењето, смирувањето и менувањето пелени се заменуваат со готвење, собирање играчки и читање на приказни во спалната соба.
Нашите деца се менуваат, па мораме и ние.
Заради тоа, корисно е да се потсетиме на нештата кои не ги правиме повеќе за нашите деца:
Јас повеќе не:
- Седам еден час за да го хранам бебето
- Станувам 3 пати навечер за хранење
- Облекувам и пресоблекувам неколку пати во денот
- Ја земам 100 пати играчката од под
- Го чистам столчето на хранење 100 пати на ден
- Го држам за рака додека седи во седиштето во кола
- Се справувам со дете кое лежи на под и вришти
- Го бањам своето дете
- Го облекувам своето дете
И уште многу други работи...
Ова ни кажува две работи:
Ниедна фаза низ која поминуваме со нашите деца не трае. Може да биде интензивна, но е привремена. Нашите деца растат и се развиваат и многу брзо ќе се најдеме во друга фаза.
Второ, како што нашите деца растат, така можеме да очекуваме повеќе од нив. Можеме да очекуваме да направат повеќе за себе и да помагаат во куќата.
Ако имате дете кое веќе оди во училиште, седнете заедно и составете работна шема. Нека Ви помагаат сега тие, заедно ставајте ги валканите чинии во машината за садови, нека ве гледаат и нека ви помагаат додека правите ручек, додека чистите, ги пакувате торбите и многу други работи.
Во секоја фаза, правиме работи со кои на децата им покажуваме љубов и поддршка. Но она што го правиме за нив се менува. Мислејќи на тоа што повеќе не правиме за своите деца, ни помага да сфатиме колку далеку заедно сме стигнале и колку децата пораснале.
Што не правите повеќе за Вашите деца?
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важно да влезете во бременоста со здрава тежина
Тежината пред бременоста може да влијае врз плодноста, текот на бремен...
Новороденчињата поминуваат голем дел од денот во сон, но нивниот ритам...
Преминот од пелени кон нокшир е важен чекор во развојот на детето. ...
Причини за вагинална сувост во бременоста
Бременоста носи бројни хормонални промени што влијаат врз целото тело,...
Природни начини за ублажување на настинка и грип
Топлите напивки, одморот и доволниот внес на течности можат да помогна...