Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Инстаграм не беше социјална мрежа која често ја користев. А кога ја отворав, гледав насекаде совршени слики, дотерани дечиња послушно застанати да се сликаат. Преслатки мали човечиња кои ми измамуваа насмевки и воздишки додека ги гледав.
Инстаграм е преполн со најразлични содржини. Дом, семејство, храна, патувања... Се' навидум изгледа совршено. Не велам дека никогаш не е навистина така – совршено, но повеќето од нас (свесно или несвесно), избегнуваат да ги објават не толку совршените моменти од животот.
Јас сакав да го доловам токму тоа. Да покажам како е кога ми владее дома хаос, како Ана има тантрум во ходник, гушкајќи ги патиките на брат и'. Сакав да покажам дека кујната ми е преполна со чинии и остатоци од ручекот, дека корпата за алишта кои чекаат ред за перење ми е како планина... Но и тоа за мене е совршенство. Едно несовршено совршенство.
Пораката која сакам да ја пренесам е дека сите сме исти. Сите мајки, кои всушност се и мојата целна група, честопати се соочуваат со овие совршено-несовршени моменти во животот и дека нема потреба тоа да се крие. Ние треба да си бидеме поддршка, па мојот профил го создадов токму поради таа цел.
Сакам да покажам едно поинакво гледиште на животот на една мајка со две деца. Колку е убаво, тешко, исполнително, мачно... Сакам да ги прикажам сите згоди и незгоди од нашето секојдневие.
Иако сум нова во ова, секојдневно се трудам да објавувам интересни содржини кои некогаш ќе ве насмеат, но некогаш и ќе ве растажат, кои ќе ве инспирираат, ќе ве утешат, ќе ве израдуваат.
Јас имам 35 години и сум мајка на две деца. Филип има 10,5 години, а Ана тукушто наполни 2. Работам како преведувач и сум една од ретките која си ја обожава работата. Секој ден со задоволство седнувам да си ги извршам работните задачи. Ја работам својата работа од соништата и сум пресреќна што можам да го кажам тоа. Последниве 5 и пол години јас работам од дома. Секоја недела од понеделник до петок по 8 работни часови, а честопати и преку викенд кога има потреба.
Воопшто не е лесно да се жонглира меѓу работа од дома и грижа за две деца на толку различна возраст. Секој од нив си има свои потреби. Со Филип се занимаваме со дропки и лектири, а со Ана со сликовници и барбики. Таа го обожава брат и', кога ќе ја прашаме кого сака најмногу без двоумење вели „бато“.
А Филип е многу заштитнички настроен кон неа, иако речиси секоја нивна игра е будалеење и беснеење, а знае да ја учи и на многу глупости, но сето тоа завиено во еден сладок братско-сестрински однос.
Можам слободно да кажам дека Ана ја родив за него. Буквално за него и по негова огромна желба и копнеж. Тоа ми е најдобрата одлука што сум ја донела во животот. Да беше до мене, немаше никогаш да се одлучам на нова бременост. И сега гледам дека многу ќе згрешев.
Сега јас имам две деца во прегратки, но имам и едно што го носам вечно во срцето.
Кога имаше Филип 4 години, јас останав бремена по втор пат. Пресреќни бевме, на седмо небо. Бременоста започна убаво, без никакви проблеми, но на брзо сето тоа се смени. Првиот скрининг покажа дека има некаков проблем со бебето, дека нешто не е во ред. Оставивме две-три недели простор за повторно ехо. Тогаш дознав дека бебето е машко. Му дадовме и име. Пресреќни бевме, иако носевме една грутка во нас за тоа што ни го кажаа на прегледот.
Дојде време и за контролата. Потврдено е, нешто не е во ред. Закажавме амниоцентеза. Денот кога отидов да ја направам, ги слушнав најтешките зборови, зборови кои ниедна мајка не сака да ги чуе. „Жал ми е, бебето веќе нема срцева акција.“ Бев во петтиот месец од бременоста, имав и стомаче. Светот ми се сруши. Бидејќи веќе бев во поодмината бременост, бебето мораше да го родам. Се породив природно, а искуството беше премногу болно и трауматично.
Периодот кој следуваше беше исклучително тежок. Страдав од посттрауматски стрес, панично растројство и генерализирана анксиозност. Долго одев на психотерапија, а пиев и лекови. Имав огромна поддршка од сопругот и семејството. Тој ми беше голема поддршка и утеха. Сето тоа многу ми помогна да се вратам во нормала, но помислата за нова бременост во мене создаваше неопислив терор, паника, лоши мисли... Како ли ќе издржам? Како ќе преживеам доколку пак се повтори истото?
Поминаа 4 години, желбата на Филип да има брат или сестра се' повеќе се разгоруваше. Решив. Уште еден и последен обид.
Веднаш забременив. Бременоста со Ана ми беше школска. Но во моментот кога видов две цртки на тестот, јас не можев да се радувам. Не можев. Наместо тоа, многу се плашев што ќе се случи, како ќе заврши оваа бременост. Јас никогаш не успеав да се поврзам со моето бебе додека ја носев под срцето. Ги правев сите можни испитувања, потребни и непотребни. Генетски испитувања во 14 недела, одев на ехо секоја недела, проверував крв, следев притисок...
Стомакот растеше, неделите одминуваа, но јас никогаш не успеав да се израдувам. Чудно, но покрај сиот тој страв, длабоко во себе како да знаев дека ќе биде добро. И знаев дека ќе имам ќерка. Знаев. Во главата и си ја замислив како ќе изгледа. Иста како брат и'. И навистина излезе така.
Имам две деца, совршени. Русокоси, зеленооки. Такви какви што отсекогаш сум си ги замислувала. И не можам животот да го замислам без нив.
Загубата остана во минатото, но никогаш нема да го заборавам тоа искуство. Тоа беше голема, страшна, ужасна бура во нашите животи, но тоа доведе до постоењето на Ана. Затоа не ја нарекувам rainbow baby. Таа е моето виножито по бурата. Не' исполни, не' направи целосни. Сега сме четворица. Последното делче од сложувалката е на место.
Мојата препорака а секоја трудница е да си го следи инстинктот и редовно да оди на прегледи. А оние кои поминале низ загуба, без разлика дали е во 6, 16, 36 недела, ги охрабрувам да не се откажуваат и да не се срамат да зборуваат за тоа што го преживеале. Ова не треба и не смее да биде табу-тема. Секоја четврта жена поминува низ истото. А таа статистика е навистина застрашувачка.
Многу жени не знаат дека има многу како нив (за жал) кои ја делат истата судбина. Многу е важно да добијат поддршка која ќе им помогне да се справат со загубата.
И пак да повторам, откажување нема. На крајот се' си доаѓа на свое место.
И на оваа тема планирам да разговарам на мојот инстаграм-профил, па ги охрабрувам сите мајки кои го поминале истото да ме следат и да видат дека не се сами.
Следете ја @raw_and_honest_mom на Инстаграм
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
Зошто моето бебе дише толку брзо?
Одличноооо, таа спие сега конечно можам да се одморам!Чекај, дали се у...
Ви недостасува ли телото што го имавте порано?
Оваа магична кожа ги одгледуваше внатре. Го обвиваше телото што ги хра...
Интервју со Маја Митрова, Маи Реи, холистички терапевт
Се посветувам на споделување знаења и техники за исцелување, саморазво...
Тежина за време на бременоста.
пеперутка16
Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?