Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Во овој случај загриженоста на родителите е во неколку насоки. Покрај загриженоста за состојбата со видот на детето, родителите се загрижени и за неговиот естетски изглед (како ќе го прифатат другите деца) и практично (Ви се чини невозможно Вашето дете да ги чува наочарите здрави дури и еден ден). Сепак прифатете ја ситуацијата мирно...
Ако не постојат загрижувачки симптоми, најдобро е детето да го однесете на контролен преглед кај офталмолог кога е на 2 и пол годишна возраст. Тогаш веќе е доволно комуникативно и прегледот ќе помине добро. Но ако некој од родителите во детството страдал од страбизам, или други визуелни патологии и во моментов е со голем диоптер, детето треба да се однесе на специјалист. Наследни елементи постојат, но не е задолжително да се појават.
Знаците за проблем со видот кај децата се многу. Меѓу нив е искривувањето на едното или двете очи, а кај децата по 4-месечна возраст и често трепкање. Ако забележите дека малото дете се крие од светлина, не следи предмети и подвижни објекти, гледа телевизија од премногу блиску, или предметите ги доближува премногу блиску до очите, најдобро е да се консултирате со офталмолог. Прегледот е потребен и ако зеницата на детето не е црна, или ако двете зеници не се еднакви по големина.
Постојат деца кај кои е задолжителен очниот преглед веднаш по раѓањето и истиот е од суштинско значење за нивниот живот. Ова се прави кај предвреме родените бебиња кај кои ризикот за ретинопатија (оштетување на мрежницата) е висок. Причината е дека при предвремено раѓање крвните садови во мрежницата на окото сеуште не го достигнале својот максимум во развојот, па постојат неухранети зони. Надвор од мајчината утроба, во услови на надворешната средина развојот на овие садови нема да биде со ист квалитет. Затоа од особена важност е секое предвреме родено бебе да биде прегледано од очен лекар (за жал оваа пракса не се применува во сите болници во Македонија) На тој начин специјалистот проверува до која мера се развиени садовите во мрежницата на окото и може да се преземат соодветни мерки ако резултатите се неповолни. Кај голем дел од случаите на ретинопатија кај предвреме родени деца, во рана фаза на откривање на болеста компликациите се спречуваат и болеста регресира.
Страбизмот е друга болест на очите и најраспространета е кај децата до 3-годишна возраст. Застапена е дури кај 2% од децата. Третманот при страбизам е комплексен и треба да се започне што е можно порано. Не е потребна операција во сите случаи, но доколку е потребна тоа е важен чекор во отстранување на проблемот.
Друга болест на окото, за која е потребна корекција и третман е астигматизмот. Астигматизам е состојба кај која светлосните зраци не се прекршуваат подеднакво во сите меридијани на окото. Во полза на поделбата, дефинирани се два замислени меридијани на окото, нормални еден на друг. Името астигматизам е од грчко потекло и значи “без точка”. Постои и физиолошки астигматизам кој не го попречува нормалниот вид. Од одредени вредности нагоре сепак мора да се коригира со наочари.
Кога ќе го слушнат зборот “наочари”, за своето двегодишно дете, родителите со загриженост се прашуваат “Дали навистина е потребно?” “Не може ли да се почека до моментот кога ќе почне да чита и пишува”.
Човекот не се раѓа со 100% вид. Тоа е процес што се развива и својот максимум го достигнува меѓу 5-та и 7-та година. Затоа наместо да се пристапува со предрасуди кон наочарите, потребно е да се запамети дека тие му овозможуваат на детскиот вид да се развива. Успех постигнуваат само родители со цврсти ставови.
За да ги заштитите очите на Вашето дете намалете му го времето поминато пред телевизор. Не користете очила за сонце! Потребен е само шешир со поширок дијаметар, кој ќе ги штити очите од директна сончева светлина.
Смирете се. Ако Вашето дете треба да носи наочари, тоа е болка која брзо се преживува. Храбриот Хари Потер може да Ви го потврди истото...
забава Бремените
Автор: bobik
7 причини зошто се дебелееме нагло
Чувствувате дека бројките на вагата одат нагоре иако не сте промениле ...
Менструација во бременост. Дали е можно и нормално?
Една од најчестите заблуди поврзани со бременоста е верувањето дека е ...
Какви се хороскопските знаци на плажа?
Плажа, песок, море и…12 различни начини на уживање. Хороскопските знац...
Природен рецепт против кандида
Овој напиток има антифунгални, антисептички и алкални својства кои мож...
Што сонуваат бебињата? Тајните на најневините соништа
Во тишината на ноќта, додека светот тоне во длабок сон, малите бебиња ...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?