Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
„Здраво деца,
Ова лето слободно оставете ги вашите работи каде што ќе посакате. Сокови испиени до пола во дневната соба? Не е проблем. Јас ќе ги тргнам. Чорапите во ходник? Работам на тоа. Садовите насекаде низ куќа? Само донесете ги. Лего коцките? Секаде? Ги обожавам. Вратата? Затворањето е само избор. Јас сум веднаш зад вас, такашто воопшто не се грижете за тоа.
Многу сакам кога топлиот воздух влегува внатре, а ладниот воздух од климата излегува надвор. Имаме политика на отворени врати во оваа куќа. И имаме бескрајно многу пари. И сосема е во ред да ги оставате вашите мокри костуми за капење и пешкири на која и да било површина.
Кујната е отворена 24/7 и мене ми е драго да ви подготвам што и да сакате, кога и да сакате, затоа што јас дипломирав готвење во најбрз рок. А ако правите нешто што сакате, само оставете ја секоја работа таму каде што последен пат сте ја користеле. Не ги враќајте на место. И млекото исто. А ако се расипе? Нема врска, ќе купам ново. Пари? Ма не се грижете, ќе работам повеќе.
И не се грижете за тоа да раскренете зад себе. Јас ќе одам зад вас и ќе ги кревам работите. Забавно е да се живее индиректно преку вашето готвење. Уаууу, како ли само успеа да изрендаат волку сирење на плочките? Прекрасно. Импресивно.
И секој пат кога сте жедни... само земете нова чаша. Имаме 100 чаши, а јас обожавам да ја полнам и празнам машината за садови, а имаме и бесконечно многу вода и струја. Светот е наш.
А ако нешто излезе со вашите пријатели? Јас сум тука, ќе ве возам до таму и ќе ве вратам. Имам автомобил и имам дозвола, тоа треба да го користам за добри цели. И нема потреба однапред да ме известувате за тоа, јас едноставно можам да оставам се што правам во моментот, дури и да излезам од работа, само за да ве одвезам.
Знам колку е драгоцено вашето време. Ви требаат пари за кино? Нема проблем! А ти, најмалиот од сите, кога и да посакаш ќе те однесам на базен или плажа. Пред да тргнеме слободно можеш да се жалиш и да вриштиш додека ти ставам крема за сончање. Не задржувај ништо во себе. Само биди свој.
Убаво од тебе што мислиш на мене. И не се грижете ни за очилата со сонце. Јас се грижам за тоа. Мојата мисија ова лето ќе биде да знам каде ви се наочарите во секој момент ( во автомобилот...на левата страна... помеѓу седиштата). Навечер, јас спијам со нив под перница. Не можеме да бидеме премногу внимателни, нели?
Само уште неколку работи...
Превртување со очи? Да! Обожавам брза повратна информација за моите дела и мисли. Како поинаку да измерам дали сум ве задоволила или не? Туширање? Повторно и тоа е само избор. Вие знаете што е најдобро, јас тоа ви го препуштам вам. Капа? Нема шанси. Колку повеќе сонце, тоа подобро.
Домашни обврски? Само кажете кога е вистинското време. Хаосот нема да оди никаде. Уште една работа, ве молам секогаш да носите слушалици, такашто нема да слушате што ви зборам. Комуникацијата и онака е преценета.
Обожавам да се дерам на цел глас по три-четири пати без одговор. Тоа ми е катарзично. Па, наречете ме луда, но ако се придржувате до овие насоки, мислам дека следново лето ќе биде потполна победа за сите нас. Или ако не разбирате сарказам: Нема да преживееме ни до јули! Во секој случај... Ве сакам!“
забава Бремените
Автор: bobik
Навики што тивко ве дебелеат. Како да ги смените?
Не се секогаш големите оброци или слатките во полноќ причината за ната...
Промена на рутина при променливи температури
Температурните осцилации не влијаат само на расположението, туку тие о...
8 грешки што ги правиме на екстремни горештини
Летните жештини се повеќе од непријатност. Тие можат да бидат и опасно...
Враснатиот нокт или медицински познат како онихокриптоза е честа појав...
Кашлицата кај малите деца е чест и често вознемирувачки симптом кој мо...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.