vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Дали знаевте дека кога станува збор за љубовта, мажите први ќе признаат што чувствуваат. Судејќи по најновото истражување, во дури 70% од случаите, мажите се тие кои први ги изговараат волшебните зборови "Те сакам".
Истражувачите од MIT Sloan училиштето за менаџмент во Cambridge во американската сојузна држава Mashachusets, го спровеле ова истражување над целна група на мажи, од 20 - 60 години.
Тимот на социо-психолози заклучил дека луѓето полесно прифаќале изјава на љубов по сексуалниот однос кој би го воспоставиле со некоја личност. Имено, ако истата личност пред сексуалниот однос изјавела љубов, тие два зборови имале поголемо значење по сексот.
Оваа појава ја објасниле со фактот што двата пола се генетски програмирани повеќе да вложуваат во врска која има потенцијал на репродукција, односно жената да остане бремена.
Постојат многу специфични влијанија на нашата подготвеност да кажеме "Те сакам", но и промени во нашите чувства кога некој ќе ни каже "Те сакам".
Клучот е во изборот на вистинскиот момент, но ова истражување покажало дека мажот кој ќе и каже на жената "Те сакам", пред да остварат сексуален однос, веројатно нема намера да се задржи во таа врска, односно не е заинтересиран за долгорочна врска со таа жена.
Ако некој каже "Те сакам" пред да имате сексуален однос, тоа предизвикува поголема доза на скептицизам, но ако некој Ви ги каже тие зборови по сексот, тоа е подобар индикатор за неговите вистински чувства, па можете да бидете сигурни дека нема никакви задни намери, додаде Екерман.
5
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Зошто доаѓа до имплантациско крварење?
Мала розева или кафенкаста трага на долната облека во периодот кога ја...
Трета недела од бременоста, почеток на нов живот
Иако можеби сe уште не знаете дека сте бремени, во третата гестациска ...
Магнезиум во исхраната на вашето дете
Кога размислуваме за здрава исхрана на детето, најчесто зборуваме за п...