|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Поддржуваме мали бизниси: J.J JOY TOY

Марина Кљајиќ Петковски, 27.2.2023
Во морето од креативни Инстаграм профили, неколку се издвојуваат од останатите и уште од прв поглед освојуваат симпатии. Еден таков пример е профилот J.J JOY TOY. Истиот ја раскажува приказната која Јасмина ја создава со помош на конец и чингелаке

image
/11


Нејзините вешти раце секојдневно носат на свет нова играчка со душа и име - сплетена рачно во техниката амигуруми.

Јасмина Јосифов од Битола е дипломиран економист и мајка на две деца, моментално на породилно отсуство.

Рингераја: Од кога се занимавате со плетени рачни изработки?

Јасмина: Имам 35 години а плетам верувале или не 20. Тоа ми е подарок од баба ми која уште како мало девојче ме научи на овие вештини, не само хеклање туку и плетење на игли и секави изработки од конец.

Рингераја: Изработувате играчки во амигуруми техника. Како ја научивте оваа техника?

Како се роди идејата? Кога беше вашата прва плетка и што беше тоа?

Приказната на J.J. JOY TOY започна пред неполна година. Таа е продукт на еден, за жал, доста тежок период во мојот живот, моја утеха и моја психотарапија.

Што се однесува на амигуруми техниката ја научив сама со мала помош од Youtube и доста брзо ја совладав бидејќи процесот на хеклање ми е доста добро познат.

Започнав со едно зајаче за моето тогаш родено бебе, па продолжив да ги исполнувам сите желби на големиот, следеа подароци за сите блиски, се додека сите околу мене не инситираа да започнам свој бизнис. Голема благодарност и до моја блиска пријателка која буквално ми го изработи логото и ми рече ајде почнувај.

Имав доста среќа по креирање на профилот имав 2 нарачки уште вториот ден.

Рингераја: Како изгледа процесот на креирање на една вака совршена изработка?

Јасмина: Процесот запоцнува најпрво во консултација со клиентот што сака каква боја која големина, па брз основа на тоа доагаат идеите во мојата глава. Па чингелакето од баба ми, конец и неколку часа работа. Исто така мојот пет годишен син ми е најголема помош и инспирација, посебно кога изработувам куклички од цратните, тој ми сугерира што да додадам, ме потсетува на деталите. Многу љубов и имаме една готова изработка.

 

Рингераја: Најнова во вашата понуда е книгата со активности. Кажете ми како настана овој производ?

Колку време ви беше потребно за изработка?

Јасмина: Книгата со активности е изработена по нарачка. Процесот на плетење не беше толку долг колку дизајнирањето на истата. Бидејќи се што изработувам го изработувам сама без никакви шеми, така и ова, јас самата ја осмислував шемата. Најпрво одбрав што да стои, потоа цртав шеми па потоа почнав со плетење, кој всушност ми пертставуваше најлесниот и најкраткиот дел. Цел овај процес траше околу една недела.

Рингераја: Имате ли некоја изработка која ви е посебно драга?

Јасмина: Сите изработки ми се драги но првата продадена изработка ми е посебна, тоа е гуската може да ја видите и на мојот инстаграм профил. Девојката си ја порача за своето бебенце додека беше бремена, сега ден денес ми испраќа фотографии од малечкото како си игра. Можеби и тоа ми е една од причините зашто таа ми е посебна.

Рингераја: Има ли интерес за вашите изработки?

Што најчесто се бара?

Јасмина: Има доста интерес, се бара буквално се - зајачиња, еднорози, мечиња.. Истите можат да се перат и сушат во машина што прави лесни за одржавање и за тоа се и толку барани. Клиентите исто ми праќаат слики од миленици па и нив ги изработувам. Доста голем предизвик ми се и карикатурите, досега имам изработено неколку, кој како цело кукле кој како приврзок. Предизвикот е голем бидејќи со игла и конец правиш нешто што ке личи на некого, па се има случувано да барам и по неколку фотогрфии за да можам да ги доловм подобро.

И како за крај само би додала дека ова што го правам пред се е мое хоби и целосно ме исполнува. Во секоја моја изработка давам се од себе и се вложувам максимално за да ги задоволам пред се желбите на моите клиенти но и јас се стремам секое следно да е подобро од претходното, со што и јас би се усовршила уште повеќе.

Рингераја: Јасмина, благодариме на издвоеното време.

Јасмина: Благодарам за поканата

Поддржете ја нејзината креативна работа, следете ја на нејзиниот Инстаграм профил, можеби токму таму ќе го пронајдете совршениот подарок за вашите најмили.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
6
Најубавите фустани на ОСКАР на сите времиња!
Ви ги претставуваме најнезаборавните фустани на Оскарите на сите времиња!
3
Зошто спермата е добра за здравјето на жен...
Темата за спермата и нејзиното влијание врз здравјето на жената често пати се заобиколува. Но, зошто? Бројни истражувања...
3
8 изненадувачки вистини за сексот по пород...
Колку долго по раѓањето можете да имате секс и каков ќе биде тој? Следете го овој постпородилен водич за удобен и пријат...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?