Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
На што да внимавате кога избирате капут?
Кога избирате капут, сè е од значење, бидејќи секој детал го истакнува или соодветно го одвлекува вниманието од недостатоците на вашата фигура. На пример копчињата, без разлика колку се големи, го привлекуваат погледот, па затоа не е препорачливо да изберете таков капут, ако имате поголеми гради. Џебовите го имаат истиот ефект. Обрнете внимание и на должината на капутот. Имајте на ум дека таму каде што завршува капутот, таму оди и погледот. Затоа не се препорачуваат кратки капути на жени со широки колкови, бидејќи капутот може да ги нагласи уште повеќе.
Моделот на капутот треба да соодветствува и со висината. Ако сте пониска, тогаш максимална должина е малку над колената - тоа ќе ви помогне за оптичко издолжување на фигурата. Повисоките дами имаат повеќе слобода и можат да изберат различни модели на капут.

Друг фактор е големината на градите. Ако сте со раскошна форма, тогаш барајте капут со V деколте и со патент наместо со копчиња. Дамите со мали гради пак бараат токму капути со закопчување, но треба да заборават за преголемите модели.
Избор на капут според фигурата
-146537-500x0.jpg?1416569612091)
Според карактеристиките на секој тип фигура, треба да барате различен капут.
Ако сте фигура јаболко
Целта е да се создаде илузија за издолжено тело и за стилизирана половина. Барајте капут со асиметрично закопчување, по можност со патент, за да го избегнете акцентот кон горниот дел од телото. Избегнувајте нежни јакни, бидејќи тие и даваат волумен на фигурата. Капутите од типот наметка или пончо исто така се опција за вас.
-146534-500x0.jpg?1416569647271)
Ако сте фигура круша
Вашата цел е да се балансира долниот обемен дел на телото со горниот каде недостасува таков обем. Затоа барајте капути со потполнување кај рамената. Другата опција е да изберете модел со ефектна нежна јака, која ги привлекува погледите нагоре.
Капути со "правоаголен" изглед и строги линии, како и модели во милитари стил се добар избор. Избегнувајте кратки капути и јакни, бидејќи привлекувате внимание кон колковите.
-146536-500x0.jpg?1416569659707)
Ако сте фигура банана
Вашата цел е да оформте облини и да изгледате по женствено. Барајте капути со појас на половината и раскроени во долниот дел. Модели на капути со двојно закопчување, како и такви со појас околу половината се идеални за вас. Избирајте капути со должина до средината на бутот и во светли бои.
Ако сте фигура триаголник
Ако сте во потрага по долг капут, тогаш тоа мора да биде со А силуета и долго максимум до колената. Друга опција е да изберете краток капут, со појас на половината или со странично закопчување.
-146533-500x0.jpg?1416569634414)
Ако сте фигура песочен часовник
Во случај да сте со таква фигура, може да си дозволите капут без појас околу половината.
6
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како изгледа првиот преглед кај специјалист за плодност
Првиот преглед кај специјалист за плодност не е само медицинска процед...
Што да јадете, а што да избегнувате во бременост?
Бременоста е период кога исхраната има директно влијание врз здравјето...
Намирници кои можат да предизвикаат колики кај бебето
Коликите кај бебињата се еден од најчестите предизвици во првите месец...
Зошто диетите не функционираат долгорочно?
Многу луѓе се обидуваат со различни диети за да изгубат тежина, но гол...
Препорачани вежби во вода за трудници
Вежбањето во вода е одличен избор за време на бременоста. ...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?