namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Во 21 век со помош на технологијата и интернетот кога се ни е на дофат до рака најпаметно би било вашето слободно време да го поминете на едукативни, забавни и корисни страници. Колку од вас тоа го прават? Или колку од вас одмораат после работа со книга и кафе во рака? Доколку сте љубител на книги, не знаете што да читате, или барате мислење за одредена книга, тука е Bibliophiles за вас!
Почетокот на Bibliophiles е толку спонтан колку што може да биде. По направеното интервју со админките, тие накратко ќе ви ја раскажат нивната приказна и од блиску ќе се запознаете со нив.
Најпрво позади овој профил "стојат" две успешни кавадарчанки:
Билјана Велкова (19г), студентка на педагогија на Филозофскиот факултет и
Моника Крстева (20г), студентка на општа медицина на Медицинскиот факултет во Скопје.
“Нашата приказна започна пред две години. Инстаграм профилот Bibilophiles беше креиран буквално додека одевме на час по играорна. Спонтано и со љубов. Оттогаш продолживме со многу љубов, посветеност и работа на профилот. Со тек на времето растевме, запознавме многу љубители на пишаниот збор - библиофили и разменивме многу мислења, рецензии, препораки и споделивме еден куп креативни фотографии (наши и испратени од нашите библиофили). Не очекувавме дека ќе стигнеме до овде каде што сме денес и моментално броиме 10.150 followers.
Во текот на овие две години вложивме многу труд, љубов, посветеност, истрајност, верба, надеж и секако финансии. Се што беше дарувано на нашиот профил е од наши финансии освен соработките со издавачките куќи. Благодарни сме им на Литература и Антолог кои несебично соработуваа со нас и ни поклонија дел од нивните изданија за нас. Овие две години направивме околу 30 giveaways, наши и дел соработки, од кои една е странска соработка која ни е посебно драга.
На почетокот бевме само ние двете. Поддршката од околината и пријателите беше оскудна. Може да се каже дека вкупниот број на поддржувачи може да се изброи на една дланка. Повеќе добивавме исмејување, отколку поддршка. Сепак им се заблагодариме на онаа мала група која од почетокот не бодреше и веруваше во нас, а оние кои мислеа дека не понижуваат, напротив, не тераа повеќе да креираме.
Пред една недела на (23.09) го прославивме нашиот втор роденден во Берово односно на Беровското езеро каде што беше направена специјална фотосесија за giveaway –от што го организиравме. Таму ги дувнавме свеќичките и замисливме желба до година да бидеме побројни и заедно да го прославиме третиот роденден во некој друг македонски град!
За крај, сакаме да ти дадеме еден совет. Ако имаш некаква идеја, засукај ги ракавите, работи со полна пареа, и најважно од с? ВЕРУВАЈ ВО СЕБЕ а останатото ќе си дојде само по себе! Поддршка можеби ќе имаш, а можеби и не. Но вреди да се проба. Запрашај се, што ако успееш? На крајот ти ќе бидеш оној среќниот и задоволниот.”
забава Бремените
Автор: bobik
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Летото е време за авантури, патувања и романтични моменти крај плажа. ...
Сакате бебе? Еве колку често треба да водите љубов!
Кога ќе одлучите дека сте подготвени за бебе, едно од првите прашања ш...
Здравјето на мажите по 40-тата година
Навлегувајќи во четвртата деценија од животот, мажите почнуваат да се ...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?