namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
За што размислувате токму сега? Колку различни мисли ви минуваат низ глава? Нешто за што се грижите? Можеби некое од вчерашните случувања ве прогонува? Некое разочарување? Минатонеделните болки во стомакот? Ве мачи тоа како вашиот шеф реагирал? Имавте ли минатата недела караница со партнерот или пријателот и сеуште не можете да се ослободите од чувството на вина? Или планирате мала слатка освета? Можеби ќе кажете :„Не, секако дека не. Никогаш не се преоптоварувам до толку со минатото, се обидувам да ја гледам иднината“. Ако размислувате за викенд, за третманот што сте го уплатиле во некоја бања или за парите што ги уплативте во осигурување, тогаш сте многу паметни. Но и едни од ретките. Посебно ако размислувате на позитивен и конструктивен начин. Повеќето луѓе за иднината размислуваат вака : „Што ќе направам за вечера“? Се надевам дека во фрижидерот имам доволно потребни продукти....“, „Сигурно следната година на одмор нема да можам да отидам бидејки нема да имам доволно пари и овој последниот чинеше многу ...“, „Морам да навратам во поштенската канцеларија за една работа. Имам чувство дека проектот ужасно ќе мине. Само да се ослободам уште од него“.
Сеедно дали е загриженост за иднината или за минатото – не Ви носи никакво добро. Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се случи. Обидете се да се ориентирате кон сегашниот живот и момент и да живеете живот без загриженост. Се што имате е ова сега.
Две можни сценарија
На располагање ви се две можни сценарија :
Ќе Ви се допадне она што Ве очекува или нема. На повеќето работи во животот и така не можете да влијаете. Никој нема апсолутна контрола врз својот живот. Поради тоа нема потреба да ја нагласувате загриженоста. Обидете се да се ослободите од грижите.
Денешниот ден , овој момент е голем дар. Во некои јазици, на пример, дури и зборовите сегашност и подарок исто се изговараат. Поради тоа ако размислувате често за минатите ситуации и за начинот на кој сте реагирале или сте загрижени заради идните случувања најверојатно ќе ја пропуштите убавината на сегашниот момент. Обидете се со овие предлози и одлучете се да започнете живот без грижи.
Свесно обидете се да се фокусирате на она што се случува сега. Што ќе чуете, што ќе видите и каков е мирисот ? Како се чувствувате, не вчера, не утре, туку сега во моментот ?
Потсетете се дека во иднина ќе уживате. На тоа може да влијаете, па поради тоа искористете го овој момент и уживајте.
Минатото мина и нема да се врати, иднината е несигурна, сконцентрирајте се на сегашноста.
Како да уживате и со мали приходи?
Најверојатно Ви се чини невозможно до колку секојдневно водите грижа околу недостатокот од пари. Сепак, мора да знаете дека животот со многу пари не носи сам по себе среќа. Следниот совет би требало да Ви помогне да уживате и со помал буџет.
Уживајте во малите работи. Размислувајте за работите што ги правите, а не за оние што ги имате или немате. Мора да се потсетите дека во некои делови од светот постојат милиони луѓе кои би биле среќни само да имаат покрив над главата. Не можете да си дозволите премногу овој месец? Ослободете се од загриженоста и кажете како ќе ги решавате проблемите еден по еден како што ке се појавуваат, не можете за сите можности да се грижите веќе сега.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...