vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Сите ние сме виделе десетици продукти за избелување заби кои се рекламираат, но многу од нив се скапи и често не се постигнуваат ветените резултати
1. Со бабината метода
Овој метод на избелување е познат од одамна. Измешајте една лажица сода бикарбона, малку сол и неколку капки јаболков оцет.
Мешавината би требало да се запени и тогаш бидете подготвени за четкање на забите. Потоа забите исчеткајте ги со обична паста за заби. Со оваа метода смеете да ги избелувате забите најмногу еднаш неделно.
Ова е многу изненадувачка техника, но наводно секој што ја пробал бил задоволен. Тријте ја јагодата цела или згмечена по забите и тие ќе побелат. Овој трик го пробале и диви како Опра Винфри и Тајра Бенкс, а оттогаш го користат и милиони жени. Јагодите прават чуда поради ензимите што ги содржат. Ензимите ги избелуваат забите и ги чистат забните наслаги. Поради високиот удел на шеќер во јагодите, се препорачува по употребата на јагодите забите да ги миете со обична паста за заби.
Евтин и едноставен начин за избелување е устата од време на време да ја исплакнете со 3% пероксид (хидроген) или да измешате лажичка сода бикарбона со лажица хидроген и лажица вода. Со смесата исчеткајте ги забите. Трикот е во хидрогенот. Многу пасти за заби и речиси сите средства за избелување содржат водороден пероксид и до сега најуспешното избелување на забите е постигнато со негова помош. Единствен проблем е што со хидрогенот мора да се постапува многу внимателно. Не смеете да го проголтате, а ако тоа случајно се случи морате веднаш да испиете барем една чаша вода за да се разреди. Исто така, не се препорачува многу често ваквото избелување на забите. Најмногу еднаш неделно.
Многумина тврдат дека оваа техника дефинитивно функционира. Внатрешната страна од кората содржи состојки кои ги избелуваат забите. Затоа само земете ја кората и протријте ги забите и вратете им го природниот сјај. Некои луѓе истото го прават и со кора од лимон. Методата е уште поуспешна ако на кората ставите малку сол па со тоа заедно ги истриете забите. Како и по јагодите, се препорачува по постапката да ги исчеткате забите со обична паста за заби.
И јаболковиот оцет помага при белење на забите. Но, и со оцетот важно е да се внимава бидејќи киселината ја нагризува забната глеѓ. Но, ако го користите правилно, разреден во вода, ова станува едноставен и здрав начин за избелување на забите.
Лажичка јаболков оцет измешан со половина чаша вода станува одлична течност за плакнење на устата. Мешавината е доволно слаба и нема да ја оштети глеѓта, а повторно е доволно силна за забите да ги исчисти од штетните наслаги. Користејќи ја оваа мешавина секој ден, ќе забележите дека забите ви стануваат значително бели.
ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ, СОДА БИКАРБОНА, КОРА ОД ПОРТОКАЛ ИЛИ ЛИМОН, СЕ ОДЛИЧЕН ИЗБОР ЗА БЕЛЕЊЕ НА ЗАБИТЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ.
студент по медицина
3
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Како да изберете соодветен метод за контрацепција?
Не постои еден метод за контрацепција кој е најдобар за сите жени. Она...
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...
Грешки што жените ги прават пред бременост
Неколку навики и проверки пред зачнувањето можат да помогнат жената да...
Што е генетика и зошто е важна за здравјето?
Кога зборуваме за здравјето, често слушаме дека некоја состојба е насл...