Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Сентименталната врска на работното место може многу поволно да влијае на општата работна атмосфера и на успешноста на вработените, но во случај врската да “пукне” негативни последици трпат и останатите колеги. Повеќе од 80% од вработените флертуваат со колегите на работното место, секој втор се впушта во сентиментална врска на работното место (една петтина од нив со шефот) и тоа постарите почесто од помладите. Повеќето од нив би сакале да се сокријат, што на половината им успева, посебно ако е во прашање само секс, а не и подлабоки чувства.
Една од десет врски започнати на работно место завршува со брак, а во секоја трета врска колегите и откако ќе раскинат остануваат во добри односи. Третина од канцелариските љубовници се истовремено во постојана врска или брак.
Љубовта и сексот на работното место се случуваат многу почесто отколку што можеме да замислиме. Се' започнува потполно незабележливо. Таа мило му се смешка кога ќе се сретнат во лифтот, на состаноците му испраќа краток но сладок СМС, а секој званичен документ кој ќе му го проследи го “зачинува” со двосмислена, интересна забелешка. Тој и возвраќа со комплименти и нежни допири на разминување, секогаш се труди да користи пауза за кафе кога и таа, ја повикува на ручек ако завршат порано со работата...
А потоа, во моментите на посебно убаво (или тажно) расположение – најчесто на службен пат или после малку послободна канцелариска забава – двајцата ќе почувствуваат потреба за уште поголема блискост и ќе допуштат страста да ги понесе. Тоа подоцна ќе го повторат. Неколку пати...
После некое време стануваат главен трач во фирмата, па почнуваат да си ги поставуваат прашањата: “Како флертот прерасна во длабок емотивен однос?” “Дали повремениот или еднократниот секс без обврски е толку вреден за да се жртвуваат бракот, долгогодишниот партнер и можноста за напредување во фирмата?” “Што ќе кажат останатите колеги?”...
Обичните испитаници (вработени) најмногу биле против љубовните врски на работното место. Причината е во неодобрувањето на врската од средината. На колегите тоа им изгледа како желба за напредување во кариерата “преку креветот” или сметајќи дека “миленичката на директорот”ќе се стекне со некои незаслужени привилегии во однос на нив. Врската пак со подредена личност им личи на покажување на моќ.
Затоа стручњаците за психологија на работното место советуваат да се избегнуваат овие врски, бидејќи тие може да ја саботираат кариерата на подолг рок.
Сепак повеќето фирми не забрануваат, а некои гиганти (како Мicrosoft, Google i Mitsubishi) дури и ја поттикнуваат блискоста помеѓу соработниците на работа, бидејќи се покажало дека таа може да влијае поттикнувачки на работната атмосфера и исходот од работата: заљубениот пар радосно ќе оди во канцеларија, ширејќи околу себе добро расположение, ведрина и работен елан. Но ако се разделат, дури тоа да биде без кавги и скандали, може да предизвика спротивен ефект по нив и околината. Тогаш е можеби најдобро некој од нив да побара друго работно место, или дури и да ја промени фирмата , сметаат стручњаците.
Според анкетите на порталот “My job” секоја четврта врска започната на работа, сеуште траела, а секоја десетта била крунисана со брак или трајно заедништво. А што е со оние кои ја прекинале врската? Кај 36% од испитаниците односите со таа личност останале подобри отколку пред врската, а кај 30% односите се влошиле.
Судејќи по сите направени анализи склоноста за сентиментална врска на работното место се зголемува со годините (некои би рекле со годините на работа во иста канцеларија, а циничните би додале со годините на незадоволство од сопствениот брак) па така 39% од младите до 25 години се заплеткани во ваква врска, а стапката кај постарите од 40 години е дури 61%.
Препорака на оние кои останале неоткриени е пред се на “симпатијата” никако да не и упатувате сјајни насмевки, предизвикувачки погледи и e-mail – ови од лична природа.
За разлика од жените, кои се склони во авантурата со колегата да видат почеток на една “прекрасна, долготрајна врска” мажите често ќе зажалат затоа што уморни, несфатени и разочарани се нашле во утешната прегратка на нивната колешка. Мажите почесто и порано почнуваат да се прашуваат како да се извлечат од оваа комплицирана врска, која почнала како секс без обврски за една ноќ, а сега е бреме кое ќе се влече до пензија...или до гроб.
Причини ЗА:
Причини ПРОТИВ
забава Бремените
Автор: bobik
7 причини зошто се дебелееме нагло
Чувствувате дека бројките на вагата одат нагоре иако не сте промениле ...
Што кога ќе дојде до неверство во бракот?
Неверството е една од најдлабоките повреди што може да му се случат на...
Менструација во бременост. Дали е можно и нормално?
Една од најчестите заблуди поврзани со бременоста е верувањето дека е ...
Во светот на пелени, ноќни будења и претпородилни возбудувања, грижата...
Во светот каде родителите сe почесто сакаат да го заштитат своето дете...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?