Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Коса на локни е идеален избор за празнична фризура - причината е дека е универзално решение за секоја прилика. Во зависност од обликот на локните, таа може да го надополни вашиот стил, или пак да придонесе за поубав изглед.
Како локните да се задржат подолго време?
Како за почеток, запомнете дека чистата коса се витка потешко отколку коса која не сте ја миеле ден- два. Причината е дека прамени се повеќе подложни за стилизирање. Погрешно е сфаќањето дека од мокра коса се прават убави локни. Напротив - ако косата ви е штотуку измиена и уште влажна, таа нема да успее да се исуши и откако ќе ги извадите виклерите, повторно ќе треба да ја обликувате косата.
Важно е исто така да се напомене дека ако сте решиле да ја виткате косата на локни и сакате фризурата да трае подолго, тогаш при последното миење не треба да користите балсам за коса. Причината е дека тој прави косата тешка и ја повлекува надолу, па ја исправа. Ова ќе ги спречи локните да траат.
Трајноста на локните зависи и од други фактори - на пример со каква должина е косата и дали влакното е подебело. Колку косата е подолга, толку е потешка за виткање.
-152173-500x334.jpg)
За да имате трајни локни, треба да се избере вистинскиот метод за виткање. На пример, фигарото за коса прави убави локни, но тие се привремени. Ако сакате да има траги од нив и следниот ден, тогаш е подобро да се разгледа виткање без загревање на косата. Коса завиткана со хартија, парчиња на ткаенина или пунџа во текот на ноќта е соодветно решение, ако сакате трајни локни, но немате време да ги направите во текот на денот.
Локните ќе траат повеќе време, ако ја виткате косата на мали прамени и почнувате од долните слоеви и продолжите кон горните. Од големите прамени исто така се прават локни, но косата е потешка и тие брзо се исправаат. Освен тоа не е препорачливо да ја расчешлувате коса, бидејќи така ја менувате густината и формата на локните. Најдобро се стилизира косата со прсти.
Не заборавајте дека козметиката е исто така важна, ако сакате да ги зачувате кадриците подолго време. Пена, гел или спреј за кадрава коса може да користите пред да започнете со виткање, а конечно прицврстете ги локните со лак за коса.
-152174-500x0.jpg?1418906114074)
6
5
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Доаѓањето на бебето сигурно ќе донесе и малку немир во вашиот живот. ...
Често поставувано прашање е дали да се купи или не, насилна играчка?...
Еднократни или платнени пелени. Што е подобро?
Кога станува збор за пелени, прашањето еднократни или платнени е едно ...
Фрази што ја зголемуваат самопочитта кај детето
Самопочитта се гради секој ден, преку начинот на кој зборуваме, реагир...
Што да понесете со себе во породилиште?
Убаво е списокот на потребни работи да го подготвите на време. Навреме...
Јасли.
пеперутка16
Дали вашето дете почна да се разболува многу повеќе откако почна да оди во јасли?