|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај Христина, креатор на блогот Вкусно без месо

Марина Кљајиќ Петковски, 21.11.2022
Еден Инстаграм профил го привлече нашето внимание. Низ него е раскажана приказната за неговата креаторка Христина Митреска, жената која го победила ракот на дојка. Автор е на Е-книга ”Смути - канцер 1 - 0"

image
/11


На прашањето која е Христина, таа вели : "Од секогаш љубител на технологијата, но сепак запишав Економски факултет во Прилеп кој не успеав да го завршам заради одредени причини или пак едноставно не ми лежеше. Сакав технологија и како напредуваше дигитализацијата и се ова завршив академија за дигитален маркетинг, графички дизајн и wordpress во периодот од неколку месеци кога веќе почнав да заздравувам. Реков ова е тоа што цел живот сакам да го работам. Едноставно ми лежеше на срце.

Најголемата пасија ми е патувањето и спремањето на здрави оброци.

Со голема страст за правење на “експерименти” се роди љубовта за готвење на здрава храна. Љубов преточена во здрави рецепти, кои ми помогнаа во лечењето на рак на дојка."

Рингераја: Ја доби најтешката битка водена со најстрашниот непријател - ракот на дојка. Кога ја доби дијагнозата? Како дојде до истата?

Христина: Дијагнозата на рак на дојка во 2019 година беше изненадување за мене. Ракот секогаш фаќа некој неочекувано и баш кога мислиш дека живееш живот каков што си сонувал. Случајно го напипав, чисто случајно, немав навика да правам контроли.

Рингераја: Ваквата дијагноза го менува животот на секоја жена, но особено на жена во своите 20ти години, како што е твојот случај. Како се соочи ти со истата? Кој беше покрај тебе?

Христина: На 28 -годишна возраст ми беше дијагностициран рак на дојка. Тоа беше најшокантното и страшно искуство. Но, јас никогаш не ја изгубив надежта и преживеав. Секако најбитна е поддршката од најблиските, а потоа и самите ние кои се лекуваме треба да бидиме позитивни. Сите кои ме познаваат знаат дека нема попозитивна личност од мене, па така и со лекувањето го сфатив како настинка која мора да помини периодот за да се излекуваш. Секако покрај мене беа моите најблиски, родителите од двете страни, пријатели, дури и познаници. Најголемата подршка која беше секогаш покрај мене беше мојот сопруг, кој беше до мене секогаш. Во еден ден мислам можеше да помине од едниот крај до другиот на светот само да ми донесе нешто што ќе ми ја ублажи болката. Љубовта која ја добивав од сите нив беше неизмерна. Внука ми Лорена иако мала секогаш беше покрај мене да ме насмее иако не знаеше што се случува бидејќи беше малечка 2 години.

Рингераја: Каков третман имаше?

Христина: Се лекував малку поразлично за разлика од другите пациенти, кај нас во Македонија овој третман само што почнале да го даваат, но е доста познат во Англија. Имав така наречена сендвич терапија. Примав 8 хемотерапии, имав операција и сега сеуште примам таблетарна терапија која морам да ја примам 5 години. Додека е периодот на лечење морам да внимавам посебно на имунитетот бидејќи сеуште не си целосно излекуван, ова е период каде што може повторно да се врати ракот.

Рингераја: Иако секој случај е засебен, хемотерапијата е најчеста терапија при канцер. Како изгледаше тој процес?

Христина: Точно така, секој своја приказна. Сите најразлично ја поминуваме па доста слушав немој вака да правиш немој така, јас едноставно си го слушав телото и докторот.

Не поминав баш најдобро, веќе од првата хемотерапија почна да ми паѓа косата, трепките и веѓите.

Почнав полека, од ден на ден да ми паѓа се повеќе имунитетот. Што е нормално кога одиш на терапија примаш отров, не е смути , малку да се насмееме. Стресен е периодот и за тој што се лекува и за сите што се покрај тебе. Имаш болки во коските, болки во цело тело, ти се гади, не можеш да јадеш. Единствено што внесував во цел процец на лечење беше смути, само тоа не ми пречеше и бистра домашна супа од морков и компир.

 

Рингераја: Гледајќи на сето тоа од денешен аспект, како и колку се промени твојот живот?

Христина: Ммм премногу се променив, почнав да гледам поинаку на животот. Не планирам за години нанапред, ни пак за кога ќе остарам, сфатив дека животот може да ти се промени кога најмалку очекуваш. Кога мислиш дека го живееш сонот. Затоа сега го живеам на максимум. Продолжувам да ширам позитива, да споделувам вкусни рецепти и многу да патувам. Секоја замисла гледам да ја реализирам и да не се плашам од ништо, само еден дава живот и само тој може да ни го земи, а тоа е Бог.

Рингераја: Твоето искуство те инспирира да го создадеш блогот Вкусно без месо, преку кој се трудиш да допреш до што повеќе жени, да ја подигнеш свеста за канцер но и да инспирираш здрав начин на исхрана.

Христина: По мојата дијагноза, јас одлучив одреден период да одам на исхрана целосно базирана на растенија. Жена со вера, втората работа ја направив кога ја добив дијагнозата беше посветеноста на Бога дека, „ако Тој ми помогне да го преживеам ова, ќе го посветам мојот живот на учење на другите како да бидат здрави“,

Многу ме контактираа во врска со моето лечење и како го поминав сето тоа. Кога почнаа толку многу комуникации и дружби со лица заболени од рак помислив зошто да не биде тоа сето преточено во еден блог. Секој може лесно да ме најди и да прочита како јас го поминав сето тоа и можеби не некој ќе му биде од корист.

„Мнозинство од луѓето кои ми се јавуваа беа баш психички опаднати што јас низ разговор знаев да ги охрабрам. Дека се ќе помине, само имај верба и се што ќе прават да го прават прво за тие што ги сакаат после за нив. Бидејќи многу е тешко некој да ти ја прочита тагата која ја носиш во себе, ако не сакаш да зборуваш. Тешко и за тебе но и за тие кои се покрај тебе, знаат дека патиш но, нема начин да ти помогнат. Како љубител на вежбањето, поборник на здрав начин на живот, инструктор за готвење на вегетаријанска храна, продолжувам да го исполнувам своето ветување дека ќе им помогнам на другите па започна и овој блог за исхрана. Го славам здравјето и исцелувањето преку смути и начин на живот, ја напишав мојата книга Смути-Канцер 1:0 колекција на рецепти од смути кои ги користев при лечење на рак на дојка.

Рингераја: Ја спомна книгата „Смути - канцер 1 - 0", а дел од средствата од продажбата се наменети за донација.

Како се роди оваа книга и за кого е наменета?

Христина: Точно така. Книгата е инспирација на се ова што поминав, но од каде да помагам е тоа е веќе друго прашање. Стари жени, изнемоштени, луѓе кои финансики не можат да дојдат да примат терапија а камоли да си купат лекови или овошје за имунитет. Секакви приказни слушнав. Ме растажија. Реков зошто да не излезе една книга која секој можи да ја купи, а со тоа да помогнам на овие луѓе.

Книгата е за секого од најмал до најстар кој сака да си го појача имунитетот. Посебно лица кои имаат проблем со заболување ќе му биди добредојдено различно смути наутро или ужинка преку денот.

Сакам луѓето да ја видат врската помеѓу изборите што ги прават и нивните здравствени резултати и да се чувствуваат повешти за да направат подобри избори, а јас ќе бидам посветена на тоа до последен здив.

Рингераја: Христина, ти благодариме за издвоеното време. За крај, која е твоја порака до читателките.

Христина: Живејте го животот на максимум, ширете позитива. Правете ги работите кои ве прават среќни. Дружете се, љубете и пред се патувајте. Правете прегледи на време, бидејќи ваквите видови на болест не препознаваат возраст.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што треба да знаеме кога купуваме суплементи
При купување на суплементи, есенцијално е да го разбереме значењето на нивниот состав и начинот на производство. Составо...
4
Водителката на "Се за љубов" фати ...
Симпатиите помеѓу убавата водителка Катарина Шишмановиќ и младиот бизнисмен Домен Задравец започнале на летот Белград- Љ...
3
Фото: Јавно запросување на Пиво Фест!
Освен по пиво и скара годинашниот пивофест во Прилеп двајца млади, и нивните најблиски, ќе го паметат и по тоа што ја ис...
3
На кафе кај @radishas_kitchendiaries
Не верувам дека постои некој кој во потрага по кулинарска инспирација, не го открил и испробал рецепт од прекрасниот фуд...
3