vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Саемот за мебел, како најочекувана манифестација од страна на посетителите се отвори денес, 29. март и ќе трае до 2. април. Саемот се одржува во Комплекс “Борис Трајковски” во монтажни објекти и внатрешниот простор, со работно време од 10.00 до 20.00 часот. Влезницата чини 120 денари, а групна/семејна влезница чини 100 денари по посетител. Онлајн картите за Саемот за мебел се веќе во продажба преку платформите на www.mktickets.mk и www.karti.com.mk
Посетителите ќе имаат можност да ја видат богатата понуда на преку 40 директни изложувачи со повеќе од 80 претставени брендови со атрактивни саемски акции и попусти.
Саемот на мебел овозможува на едно место да се види разновидна понуда на мебел за дневни, спални, детски соби, трпезарии, кујни, бањи и секако дополнителни декоративни понуди за домот. Туристичката агенција “Војажер” организира групни посети на Саемот од сите градови од Македонија и регионот.
Партнер на Саемот на мебел е Комерцијална банка АД Скопје.
3
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Како да го одржувате крвниот притисок во здрави граници
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и...
Доењето го одржува притисокот на мајката на ниско ниво
Мајките кои ги дојат своите бебиња шест месеци се повеќе заштитени од ...
Како телесната тежина влијае на плодноста?
Телесната тежина може да има значајно влијание врз плодноста и кај жен...
Брачниот живот, секако, ако е хармоничен, позитивно влијае на здравјет...
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...