Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Тоа значи да се обидете да гледате на светот како на нешто ново, што допрва треба да се открие, што е фасцинантно, а можеби и застрашувачки. Тоа значи да го изгубите поимот време и да гледате на светот со радозналост. Стручњаците тврдат дека таквиот пристап сигурно ќе доведе до подобар однос со детето, што ќе резултира со подобро воспитано дете, а и посреќни родители.
Бидете со него дури и кога ви е тешко
Децата сакаат да сме блиску до нив, дури и кога не бркаат. Од нас очекуваат да останеме прибрани, посебно кога тие се вознемирени или уплашени. Дали тоа значи дека секогаш треба да бидеме попустливи? Сигурно дека не. Но мораме да прифатиме дека децата се понекогаш добри, а понекогаш не. Важно е да знаат дека се сакани дури и кога прават работи кои нам не ни се допаѓаат.

Вие сте “газда”
Родителите се понекогаш збунети. На малите деца им се потребни ограничувања, од нас очекуваат да бидеме авторитативни и да им кажеме кога е доста. Некои родители се плашат дека детето ќе се налути на нив и прават се' за да не се случи тоа. Но децата нема да можат да научат како да се изборат со негативните чувства, ако секогаш ги спречувате да ги доживеат.

Воспоставете рутина
Тоа не значи дека не треба да бидете потполно нефлексибилни. Важно е кај детето да воспоставите рутина во секојдневните работи – кога е време за оброк, за бањање, за читање, за спиење, за игра... Рутината не подразбира строги правила. таа е потребна за детето да се чувствува посигурно. Секој пат кога ќе дојде до промена на воспоставениот распоред (заради посета на бабите и дедовците, родендени, Нова година) детето се учи на флексибилност.
Бидете реални
Родителите лесно забораваат што реално може да очекуваат од детето, па имаат нереални очекувања. Следете го развојот на детето и поставувајте му задачи. Од двегодишно дете на пример не можете да очекувате да ја врати секоја играчка на своето место и собата да му биде уредна. Секако дека заедно можете да ги враќате играчките во кутија.
Потребно е да имате на ум уште нешто: сметајте на регресија во развојот, бидејќи децата прават два чекори напред, а еден назад, независно дали станува збор за употреба на нокшир, премин од креветче во кревет, или одење на училиште. Тие секогаш ќе направат еден чекор назад за да ви покажат дека сте им потребни. Децата не сакаат кога имаат потполна слобода да прават што сакаат и кога сакаат (иако така се однесуваат).

Децата не се наша слика и прилика
Некои родители се збунети кога ќе откријат дека нивното дете се разликува од нив по темперамент. Американскиот педијатар Това П. Клајн опишува случај на една мајка која била загрижена затоа што нејзиниот 2-годишен син не сакал да се дружи со врсниците. Тој и предложил заедно да го набљудуваат додека е во градинка со другите деца.
- Детето стоеше на една страна на просторијата, ги гледаше другите деца како си играат, изгледаше заинтересирано за тоа што прават, но се држеше на сигурна дистанца. Мене ми изгледаше како да посматра и да ги впива информациите и да следи што се случува.
Но мајката имала сосема друго мислење: ”Дали гледате дека се плаши? Се плаши дека никој нема да сака да игра со него”. Професорот ја праша мајката зошто така мисли, а таа му одговори: “Познато ми е тоа чувство. Децата никогаш не сакаа да си играат со мене.’
Запомнете: Децата не се ваша копија. Вие сте имале свои искуства, а тие имаат свои.
5
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да го пронајдете својот животен повик?
Во одреден момент од животот сите нас нe допира пронаоѓањето на сопств...
Реакција на бебето при воведување дохрана
Воведувањето дохрана е една од фазите во првата година од родителствот...
Што кога детето сака Facebook профил?
Социјалните мрежи одамна не се „место за возрасни“. Денес, децата уште...
Како кафето влијае на бременоста?
Кафето е омилен пијалак на милиони, но кога ќе дознаете дека сте бреме...
Да бидете сакани такви какви што сте
Има нешто што сите длабоко го посакуваме, а тоа е да бидеме сакани точ...