vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Малкумина ќе помислат дека после ташните, компјутерските тастатури и мобилните телефони, седиштата за врзување на децата во колите можат да бидат легло на бактерии – поопасни дури и од WC школката.
Студијата е спроведена од група научници од Универзитетот во Бирмингем. Тие анализирале 20 седишта под микроскоп и откриле околу 100 бактерии и разни гливички по квадратен сантиметар.
За споредба, истражувачите ја спровеле истата анализа на WC школките на кои нашле, во просек, по 50 бактерии на квадратен сантиметар.
Бактериите на автоседиштата не се само побројни туку припаѓаат на многу поопасна група, бидејќи можат да предизвикаат потешки заболувања. Посебно се издвоени ешерихија коли и салмонела, која предизвикува дијареја, висока температура и инфекции. Први на удар се децата, чиј имун систем е многу почувствителен отколку на возрасните, предупредуваат научниците.
“Луѓето генерално не се свесни за опасностите кои доаѓаат од нивните валкани автомобили”, објасни за лондонскиот весник лидерот на студијата Марк Грифитс.
За да ги избегнат овие бактерии, возачите треба редовно да ги чистат автомобилите и седиштата, одвнатре и однадвор, на секои 15 денови, додаде Марк Грифитс.
6
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога се препорачува амниоцентеза?
Амниоцентезата е пренатално дијагностичко испитување што овозможува да...
Колку долго живее јајце клетката по овулацијата?
Јајце клетката има многу краток период во кој може да биде оплодена по...
Дали засладените пијалаци му се потребни на вашето дете
Газирани сокови, засладени чаеви, лимонади и овошни пијалаци често се ...
Што се млечни заби и кога се појавуваат?...
Како да купите соодветно седиште за во автомобил?
На секој родител најважна му е безбедноста на своето дете, па затоа се...