|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Нов проект на Марија Костадиновска

Редакција Рингераја, 17.10.2023
Задоволство ни е што имаме можност да бидеме меѓу првите медиуми на кои Марија им навести за новиот проект кој "се крчка". Прочитајте во продолжение за што станува збор

image
/11


Рингераја: По професија си дипломиран Филолог, но со себе, носиш уникатен, креативен и авантуристички дух. Ние, те запознавме како писателка на хит книгите за деца „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ и „Волшебните прегратки“. Родените во деведесетите, се сеќаваат на тебе, од контакно училишната програма Ѕвон. И тоа не е се, од својата дваесетта година едриш, а последните неколку години си на Супер Јахти и тоа како лидер на тим во ентериерот. 

Сега се „шушка“ дека подготвуваш и сосема нов авторски проект. Од каде Марија, наоѓаш толку време, енергија и желба за сето ова? 

Марија: Сето ова, кое го наброивте доаѓа од длабочината на моето срце. Се чувствувам многу убаво и исполнето кога работам, креирам и создавам. Досега се што направив, направив следејќи си го срцето и слушајќи си ја интуицијата. Во секој проект, максимално сум посветена и се вложувам себеси. Никогаш не правам „пресметки“ дали нешто вреди или не, ако душата ми вели да, тогаш тоа е добитната комбинација, вистинскиот избор. 

црвен фустан

Рингераја: Со оглед на тоа дека, веќе тринаесет години си на море, дали тоа значи дека сега се закотвуваш и остануваш дома? 

Марија: Тоа значи дека во моментов така се чувствувам. Сакам да сум дома. 

Како карактер, сум многу флексибилна, секаде можев да се прилагодам. Но, чувството за дома, секогаш го носев со себе. На секое пристаниште, секој залив, па дури и на отворено море. На луѓето кои ги запознавав во текот на годините, им раскажував за убавините на нашата земја, нашиот јазик и традиција. Сега сакам повеќе време да поминувам дома. Да ги гледам внуците Теодор и Ерина како растат и да им се радувам.


Рингераја: По медиумите почна да се зборува, дека се враќаш на малите екрани. Дали е тоа вистинa? Дали се враќаш на твојата прва љубов, телевизијата?

Марија: Своите тинејџерски и средношколски години ги поминав во МРТВ, во контакно училишната програма Ѕвон. Тоа беше еден прекрасен период, каде што сите деца водители премногу се дружевме, а воедно научивме за новинарството од извонредните новинари, едни големи и вистински професионалци. Вратите на телевизијата како медиум, никогаш конечно не ги затворив, така што и да се вратам, ќе биде само уште едно додадено делче, од мојата животна сложувалка. 

лифт

Креацијата и фотографијата се на Елена Лука

Рингераја: Те видовме на ревијалното отворање на Skopje Fashion festival, во првите редови, како поддржувач на колекцијата на Елена Лука. Дали твојот животен стил и довербата ја доверуваш на тој бренд? Дали се подготвува некоја нова соработка со нив? 

Марија: Тоа е вистина. Еминентниот бренд Елена Лука, се првите кои ја дадоа својата доверба и поддршка, кон мојот нов авторски проект. Така што, во иднина взаемно ќе соработуваме, ќе се почитуваме и поддржуваме. А нивните креации, како и архитектурата која ја создаваат, комплетно се вклопува со мојот животен стил и карактер. 

Рингераја: За што конкретно, се работи во тој авторски проект? 

Марија: Не остана уште многу, наскоро ќе доплови. – (се смее). 

fustan

Креацијата и фотографијата се на Елена Лука

Рингераја:  Наидовме на твоја фотографија. Позираш, во прекрасен жолт фустан со жолти рози, високо кренати в рака. Изгледаш многу спокојно, самоуверено и среќно. Делуваш многу моќно и победнички. А, под фотографијата стои твоја објава: „Секоја темнина е привремена. Сонцето секогаш изгрева“.  Дали нешто донесе темнина во твојот живот, а сега повторно изгреа сонце? 

Марија:  Ви благодарам на убавите зборови. Како и сите луѓе така и јас, имам свои подеми и падови. Темнината е неизбежен дел од денот а воедно и од животот. Прашањето е само, колку време ќе останеме во истата таа темнина? Јас верувам во работи кои едноставно „треба да се случат“. Ако не постои таа темнина (како дел од деноноќието) не би можеле да ги видиме ѕвездите и месечината, нивната светлина и магичност.  Така е и во животот, од сите тие „темнини“ треба да се стремиме да научиме нешто и да „прогледаме“, бидејќи сонцето секогаш повторно изгрева. 


Рингераја: Твоите две книги постигнаа голем успех, како кај децата, така и кај нивните родители. Но тие се и дел, од програмата, по предметот „Литература за деца“ на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Дали ваквиот успех, ти дава инспирации за нови книги и дали може да очекуваме нешто ново? 

Марија:  Апсолутно! Веќе подолг период имам подготвено дело, нова книга за деца. Го очекувам само вистинскиот миг за нејзиното објавување. Со нетрпение чекам да се најде во детските рачиња. 

knigi

Фотографиите во жолтиот фустан се превземени од Елена Лука. Креацијата е исто така нивна. 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како до секси очи на кои сите ќе Ви завиду...
Познатиот стручњак за шминкање Andrew Sotomayor дава видео упатство како да имате секси очи
3
Името на ќерката на Дејвид и Викторија Бекам
Откако во јавноста излезе веста дека Дејвид и Викторија Бекам решија да ја крстат својата новородена ќерка Харпер Седум,...
3
Кастинг за водител/ка на ТВ емисија!!!
Продукција Фајнал Фикшн е во потрага по водител/ка - ново лице на кулинарско ТВ шоу.
3
8 изненадувачки вистини за сексот по пород...
Колку долго по раѓањето можете да имате секс и каков ќе биде тој? Следете го овој постпородилен водич за удобен и пријат...
3




Анкета

Градинка.
Admin

Во која градинка посетува вашето дете?