|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Неодлучни деца: Јас сакам, но многу се плашам!

Редакција Рингераја, 4.3.2014
Кога родителите ќе се најдат во ситуација нивното дете да реагира поинаку од другите, често тоа го доживуваат како проблем кој сакаат брзо да го решат...

image
/11


 

Тешко е да се биде трезвен во такви моменти и да се рече дека детето реагира поинаку бидејќи има поинаков склоп на особини, посебно ако во него и во вас се упатени погледите на други родители и деца.Така е и со ситуацијата кога детето заради колебање ќе се издвои од друштвото.

На пример, на првиот училишен ден сите деца ќе се растрчаат да влезат во училница, а вашето дете ќе остане со вас, или сите деца ќе се затрчаат да влезат во базен, но не и вашето дете,  кое од непознати причини ќе остане како заковано в место. Истото може да се случи и во забавниот парк, кога сите деца ќе се затрчаат кон вртелешките, а тоа ќе остане настрана и ќе гледа како сите се забавуваат.

Тоа се ситуации во кои родителите веднаш ќе се запрашаат што не е во ред и често имаат нагон да го турнат своето дете меѓу другите деца, мислејќи дека на тој начин ќе ја пробијат невидливата граница која го спречува слободно да се забавува. Но тоа е погрешен потег. Зошто некои деца се колебаат да го направат тоа што го прават другите деца, од што се плашат, се плашат ли воопшто, или станува збор за нешто друго?

 

Многу родители ќе донесат избрзан заклучок дека станува збор за несигурно и пречувствително дете, со премалку самодоверба, но психолозите кои работат со децата не мислат така.  Maureen Dawn Healy е познат стручњак за развој на децата и авторка на многу книги, меѓу другите и на книгата со наслов „Одгледување на среќни деца„.

Таа со години води тераписки разговори со родителите кои имаат проблеми со своите деца. И таа смета дека таа појава воопшто не треба да се смета за проблематична и негативна.

„Колебливоста не смееме да ја сфатиме како маана. Двоумењето пред некоја работа значи дека сме се нашле во ситуација во која се чувствуваме несигурно и ни требаат повеќе информации. Одбивањето на детето да влезе во училницата, да скокне во базен или да седне на некоја од вртоглавите направи во забавниот парк, веројатно е затоа што прв пат се наоѓа таму и чувствува доза на несигурност. И не само што на децата им е нелагодна таа ситуација, туку родителите ја прават уште полоша  кога ќе побараат од нив да направат некоја работа, не земајќи ги во предвид чувствата на детето. „

Децата тогаш се чувствуваат многу лошо и ранливо. Healy порачува дека во нивните околности колебањето е всушност природно и здраво. Иако не е правило, почесто ќе се колебаат чувствителите деца, бидејќи поинаку го гледаат светот од останатите и земаат во предвид многу податоци кои потоа ги обработуваат.

На родителите кои имаат несигурни деца Healy им предлага неколку постапки за децата да можат да се носат со новите околности:

 

Често не плаши непознатото или она што не го разбираме, а децата мораат да разберат и да изберат . Ако децата не се затрчаат заедно со своите врсници тие веројатно сакаат да почекаат и да видат што прават другите деца и какви последици може да има. Потребно е тогаш да им дадете повеќе информации за тоа што се случува, што ќе им помогне да се опуштат и да ја надвладеат несигурноста.

Исто така, многу е важно да го охрабрувате детето да прави нови работи, како на пример скиење или возење ролери, за да ги прошират границите на својот свет и да сфатат дека и во таквите игри можат да се чувствуваат сигурно.

И трето и најважно – слушајте ги. Во случаен разговор можат да ви ги откријат своите стравови па ќе можете да им објасните зошто сметате дека се без основа.

 

Ако детето, на пример, упорно се плаши да влезе во кино салата, иако сите деца се радуваат, немојте да го туркате во групата, надевајќи се дека несигурноста ќе исчезне сама по себе. Разговарајте и прашајте го како се чувствува. Ако ви каже дека го плаши темнината и главните звуци, објаснете му дека таквите ефекти се за поголемо уживање во филмот. Немојте да инсистирате детето да влезе, додека не почувствувате дека ја надминало таа несигурност. Потоа повторно обидете се.

Важно е да не го игнорирате детското колебање, туку да му објаснувате на детето и да му давате поддршка, посебно ако тоа е многу чувствително.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
4
Да имаш постара сестра е најдобро нешто на...
Кога бевте деца, скришно ти купуваше колачи. Кога малку пораснавте, преку неа се набави и првото пиво и со неа беше поле...
4
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4
Ноќно мокрење во детската возраст
Енуреза е најчест облик на примарно ноќно мокрење кај здрави деца после 5 година. Според податоци од литературата на воз...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?