vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
1. Мајката е наша негователка
Во првото десетлетие од нашиот живот мајката е наша хранителка и негователка. Но не станува збор само за храна, покрив над главата и парите – најважни се лекциите на кои не учи мајката. Од одење, врзување чевли, основи на пристојност и комуникација, кои се основни животни вештини, кои не управуват во животот.

2. Таа е наш советник
Во тинејџерските години хормоните беснеат, а жената е заробена меѓу потребата да биде дете за кое се грижи мајката и независен човек кој може се' сам. Како резултат на тоа, борбата со мајката е секојдневие. заради тоа не ни допушта да облечеме она што сакаме? Да се дружиме со кого сакаме? Да излегуваме до колку сакаме? Правилата на мајките произлегуваат од основната грижа за нас, иако не се чувствуваме така.

3. Станува наша совест
Она што некогаш биле правила кон кои сме морале да се придржуваме, некои за чудо се врежале во нашиот мозок, сакале или не. Многу пати тие правила ќе не спречат да направиме некаква глупост, да згрешиме заради инаетењето и игнорирањето на мајчиниот глас во главата “ти реков”. Одеднаш можеме да се најдеме во ситуација како советите на нашата мајка им ги даваме на пријателите, ги изнесуваме како животна мудрост, или сфаќаме дека се претвораме во нашата мајка.

4. На крај – пријателство
Откако и сами во потполност ќе пораснеме, ќе добиеме свои деца, работиме и штедиме за нашето семејство, мајката и понатаму останува некој чие мислење ни значи, но сега на друг начин. Способни сме да ги согледаме работите од нејзина позиција, да пронајдеме мудрост во советите, поткрепа во проблемите и некој на кој можеме да му се пожалиме без излишно објаснување – никој не се понава толку добро колку мајка и ќерка.

9
7
5
5
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...