Ќе бидам искрена, во нашава држава е "срамота" да бидеш тинејџ мајка...
Не е грев да си среќен и да го живееш живот како што ти сакаш.
Ќе бидам искрена, во нашава држава е "срамота" да бидеш тинејџ мајка, додека во странство тоа е нормална појава. Не плукам по својот народ, далеку од тоа, едноставно тоа е вистина.
Кога бев бремена со моето прво дете, а и ден денес често се сретнувам со коментари од типот: Млада мама па живот е пред тебе зошто? Згреши, нема да можеш да го живееш животот како што треба...и слично.
Напротив, јас животот почнав да го живеам со моите деца. Се родив кога се родија и тие. Јас претходно не бев мајка, бев само женско, мајката во мене се роди тогаш кога мојата прва ќерка дојде на свет.
Не велам дека треба сите да раѓаат деца на мала возраст, но сепак сметам дека секој го знае најдоброто за себе и никој нема право да го покажува со прст. Јас сама си го направив својот избор, да бидам среќна со љубовта на мојот живот. Токму таа љубов ми ги донесе моите ќерки, моето се.
Не можам да кажам дека никогаш не ме повредиле некои негативни коментари, но некако научив да гледам само во мојот двор, сепак мило ми е што оние позитивни коментари се побројни.
Училиште, го завршувам и него. Раѓањето деца не значи пречка за образование, како што многу мајки одат на факултет, јас така го завршувам средното образование. Не ми е воопшто тешко, моите деца и мојот партнер се мојата најголема мотивација и поддршка. Јас не го изгубив животот со тоа што млада се остварив како мајка, напротив јас само си створив прилика да созревам со моите деца. Среќна сум, тоа ми е доволно.
View this post on Instagram
Не е грев да си среќен и да го живееш живот како што ти сакаш. Ќе бидам искрена,во нашава држава е "страмота" да бидеш тинејџ мајка, додека странство е тоа нормална појава.Не плукам по својот народ, далеку од тоа, едноставно тоа е вистина. Кога бев бремена со моето прво дете,а и ден денес често се сретнувам со коментари од типот: Млада мама па живот е пред тебе зошто? Згреши,нема да можеш да го живееш живот како што треба..и слично. Напротив,јас живот почнав да го живеам со моите деца.Се родив кога се родија и тие.Јас претходно не бев мајка, бев само женско, мајката во мене се роди тогаш кога мојата прва ќерка дојде на свет. Не велам дека треба сите да раѓаат на мала возраст,но сепак сметам дека секој го знае најдобро за себе и никој нема право да го покажува со прст.Јас сама си го направив својот избор,да бидам среќна со љубовта на мојот живот.Токму таа љубов ми ги донесе моите ќерки, моето се. Неможам да кажам дека никогаш не ме повредиле некои негативни коментари,но некако научив да гледам само во мојот двор,сепак мило ми е што оние позитивни коментари се побројни. Училиште,го завршувам и него.Раѓањето деца не значи пречка за образование,како што многу мајки одат на факултет,јас така го завршувам средното образование.Не ми е воопшто тешко, моите деца и мојот партнер се мојата најголема мотивација и поддршка.Јас не го изгубив животот со тоа што млада се остварив како мајка, напротив јас само си створив прилика да создревам со моите деца.Среќна сум,тоа ми е доволно . . . . . . #мама #мамаблог #лина #калина #бебе #љубов #pregnantmom #hapiness #momlife #mommyblogger #instakids #instamama
A post shared by Мазниковска Елена (@mother.of.two.daughters) on Jul 31, 2020 at 1:41am PDT
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
3 знаци дека меленото месо е расипано
Научете како да ги препознаете првите знаци на расипување на меленото месо и дознајте како да го чувате и подготвувате
6
Ќерката на Бијонсе веќе прави музичка кариера
Штотуку родената ќерка на Бијонсе и Џеј Зи, малата Blue Ivy Carter нема ни една недела откако се роди, но веќе прави муз...
3
Блог: Кај нас важи правилото "лажичкат...
Јас се држам до правилото дека треба "лажичката да заигра" односно што почесто да имаме готвен и течен оброк дома. Мат...
3
KidzOmegaTM
KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...
2