vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
На социјалната мрежа Фејсбук, неколку дена пред Божиќ е основана страна “Убава и ќелава Барби! Да видиме дали можеме да ја направиме.” До среда попладне, страната имала повеќе од 15.000 фанови.
Целта на кампањата е да ги поттикне главните луѓе на фирмата “Мател” да направат ќелава Барби кукла, како поддршка за децата кои боледуваат од рак. Пријателките Ребека Сајпин и Џејн Бингем, кои се погодени од оваа неизлечива болест, ја поддржаа идејата за иницијатива на Фејсбук, затоа што сметаат дека Барби е многу влијателна играчка кај децата.
Бингем ја изгубила косата со хемотерапија, додека ќерката на Ребека Сајпин, Кин Иниќ која има 12 години, исто така ја изгубила косата оваа година во борба со леукемија.
Компанијата “Мател” не е достапна за коментар, но овие две жени, рекоа дека ги контактирале со официјални писма. Како што велат, во повратното писмо, добиле одговор дека “Мател” не прима идеи од луѓе кои не се вработени во компанијата.
Двете жени истакнаа дека барбиката без коса би била огромна поддршка за децата кои боледуваат од рак. Куклата Барби, со висина од 29 сантиметри е најпознатата кукла на сите времиња. Во текот на своето 53 годишно постоење, доживеала многу трансформации, од елегатна Грејс Кели Барбика, преку тетовирана, до бремена Барби кукла.
Рингераја дава поддршка на оваа иницијатива:
Убава и ќелава Барби! Да видиме дали може да ја направиме.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...
Најважни навики за здрава бременост
Здравата бременост започнува со мали, секојдневни навики. ...
Зошто е важен редовниот појадок?
Појадокот е првиот оброк во денот и може да биде одличен начин да му о...
Како да ја подобрите циркулацијата на крвта?
Студени раце и стапала, чувство на тежина во нозете или замор по долго...