Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
/11
1. Прво утврдете кој е вашиот тип на кожа
Познавањето на типот на твојата кожа е основата на целата рутина.
Еве како да го утврдите:
- Нормална кожа. Таа е балансирана, без премногу сјај или сувост, а порите речиси не се видливи.
- Сува кожа. Кај овој тип на кожа чечностите на кожата се ниски, па тоа често води кон чувство на затегнатост и перутење.
- Масна кожа. Таа лесно станува сјајна. Порите се подлабоки и поретко се јавуваат нерамнини.
- Комбинирана кожа. Кај овој тип на кожа има масна во Т-зоната кај челото, носот и брадата, а сува или нормална на образите.
- сетлива кожа. Овој тип на кожа лесно се иритира, пецка или црвенее
Најдобар начин да го откриете вашиот типот на кожа е да ја измиете со нежно средство за миење лице, да почекате 30 минути и да ја набљудувате дали станува сјајна, дали се чувствува затегнато и слично.
2. Основни правила за избор на производи
Обратете внимание на состојките, а не само на рекламата.
Производите честопати велат „за сува кожа“ или „за сите типови“, но важно е да ги прочиташ состојките:
3. Препораки по тип на кожа
- За сува кожа користете: хијалуронска киселина, глицерин, керамиди и кремасти, богати текстури. Избегнувајте Агресивни сапуни со сулфати и силни алкохоли. Целта е да добиете интензивна хидратација и враќање на природната бариера на кожата.
- За масна кожа барајте нежни гелови или пенливи чистачи, салицилна киселина, нежен тоник и производи со „non-comedogenic“ кој не ги затнува порите. Избегнувајте масни креми и тешки масла. Целта е да се исконтролира на сјајот, нормализирање на маснотии и да се добие чиста кожа.
- За комбинирана кожа користете лесни гелови за чистење, хијалуронска киселина, а само локално ха одредено подрачје појаки активни состојки. Целта е да се овозможи баланс односно хидратација каде е сува, контрола на сјај каде е масна.
- За осетлива кожа користете средтва без мирис, нежни, хипоалергени формули, пантенол, алое вера и ниацинамид. Целта е да ја смирите кожата и да ја ослободите оид иритации.
4. Како да изградите рутина?
Еве пример на основна рутина што стапува во сила:
- Наутро користете нежено средство за чистење на кожата, по потреба тоник, потоа нанесете серум, па хидратантна крема и на крај
- Навечер исчистете го лицето, користете ексфолијант ако е потребно 2 до 3 пати неделно, ставте серум со активни состојки па нанесете хидратантна крема.
Нови производи додавајте еден по еден, со пауза од 3 до 5 дена, за да видите како вашата кожа реагира.
5. Најчести грешки што треба да ги избегнете
- Купување најскапи производи без да ги читате состојките.
- Прекумерно ексфолирање.
- Користење на „тренд производи“ без проверка дали се соодветни за вашиот тип на кожа.
- Прескокнување на нанесување на SPF фактор кој е најважниот производ во рутината.
Најдобрите производи не се оние најскапите туку оние што одговараат токму на вашиот тип кожа и на специфичните потреби на вашата кожа во тоа време. Читајте ги состојките, следете како вашата кожа реагира и дајте си време од 4 до 6 недели да видите видливи резултати од новата рутина.
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Како менструалниот циклус влијае на кожата и енергијата
Менструалниот циклус не влијае само на репродуктивното здравје. Тој им...
Кога да побарате медицинска проценка за плодност?
Кога се обидувате да забремените, трпението е важно, но има ситуации к...
AI4HerWellbeing е еднодневна работилница која ги поврзува вештачката и...
Улогата на блиските во финалната фаза од бременоста
Последните денови од бременоста се период исполнет со возбуда, исчекув...
Кофеин во други пијалоци и храна, колку е безбедно?
Кога се зборува за кофеин, најчесто се мисли на кафе, но тој се наоѓа ...