|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Women in Tech Macedonia со нова серија обуки ги зајакнува жените со вештини за вештачка интелигенција и благосостојба низ Македонија

Редакција Рингераја, 17.5.2026
AI4HerWellbeing е еднодневна работилница која ги поврзува вештачката интелигенција, гешталт-терапијата и арт-терапијата, а се одржува во пет општини оваа пролет и лето.

image
Фото:Women in Tech Macedonia
/11


Отворена е регистрацијата за AI4HerWellbeing, серија бесплатни обуки наменети за девојки и жени на возраст од 22 до 55 години. Обуките имаат за цел да го поддржат личниот развој и благосостојбата на учесничките, преку комбинирање на практична примена на вештачката интелигенција со терапевтски пристапи од гешталт и арт-терапијата.

Овие обуки имаат за цел да ги опремат учесничките со алатки кои можат веднаш да ги применат во секојдневниот живот и на работното место, со цел поголема јасност, фокус и личен раст.

 

Распоред на обуки

20 мај 2026, 12:00–16:00ч - Општина Кавадарци

21 мај 2026, 14:00–18:00ч - Општина Кочани

2 јуни 2026, 11:00–15:00ч - Општина Битола

16 јуни 2026 - Општина Куманово

18 јуни 2026, 12:00–16:00ч - Општина Пехчево

Точните локации за секоја општина ќе бидат објавени дополнително.

 

Обуките ги водат два посветени експерти - М-р Моника Ризовска Таневска, Претседател на Women in Tech Macedonia, основач на AI Collective Скопје, говорник и тренер за AI модернизација, основач и извршен директор на Davleo Consulting и М-р Цветанка Штерјова Бурзевска, Лиценциран психолог, ЕАГТ гешталт психотерапевт и арт-терапевт.

 

Проектот е кофинансиран од Европската Унија, во рамките на мрежата Младински Хаб на Западен Балкан и Турција, и се реализира во тесна соработка со општините домаќини.

 

Пријавување:

Девојки и жени на возраст од 22 до 55 години кои се заинтересирани за учество можат да се пријават на:https://forms.gle/QtRXnG2xbWHbJpXn6

 

Women in Tech Macedonia со оваа серија обуки свесно избира децентрализиран пристап, носејќи ги дигиталните знаења директно, во Кавадарци, Кочани, Битола, Куманово и Пехчево. 

 

Со овие дисперзирани обуки за Вештачка Интелигенција сакаме да придонесеме кон рамномерен дигитален развој на ниво на цела земја и да покажеме дека процесот на дигитализација не треба да биде привилегија на одредени средини, туку право достапно за секоја жена, каде и да живее.” - истакна Моника Ризовска Таневска, претседател на организацијата.

 

Нејзината мисија е едноставно и јасно: секоја жена и девојка, без разлика на возраст, образование или потекло, треба да има пристап до дигитални вештини кои ќе ја поддржат во нејзиното осамостојување, ќе ја зголемат личната продуктивност и ќе ? отворат нови можности, во работата, во бизнисот и во секојдневниот живот. AI4HerWellbeing е директен израз на таа мисија, обука која вештачката интелигенција ја претставува не само како работна алатка, туку и како средство за личен развој и зајакнување.

 

Работата на Women in Tech Macedonia не останува незабележана ни на глобално ниво. Организацијата е двократен добитник на светска награда за импакт, признание кое потврдува дека нејзините програми и иницијативи оставаат мерливи резултати далеку надвор од границите на земјата. Ова меѓународно препознавање е доказ дека моделот на работа, базиран на едукација, заедница и конкретни алатки за жените, е не само релевантен, туку и инспиративен пример за организации низ целиот свет.

 

Оваа година, Women in Tech Macedonia прави уште еден значаен чекор, под покровителство на Претседателката на Република Македонија, организацијата за прв пат ќе додели награди - Women in Tech Macedonia Awards, за истакнати организации, иницијативи и жени кои прават позитивна промена во своите средини и пошироко. Со овие награди, организацијата сака јавно да ги препознае и да ги поддржи оние кои со тивка, но постојана работа придонесуваат кон поинклузивно, подигитализирано и поправедно општество - затоа што промената секогаш почнува со луѓе кои храбро ја живеат.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

СРЕЌНА НОВА 2014 ГОДИНА
Нека ви се расипат плановите, но НЕКА ВИ СЕ ИСПОЛНАТ СИТЕ ЖЕЛБИ, копнежи и страсти...сето она што од сушноста ви доаѓа! ...
3
„Mајка и дете” – вечна тема во делата на Х...
Изложбата „Хенри Мур - графичарот“ се состои од 80 принтови и 6 скулптури - минијатури од колекцијата на Британски совет...
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2




Анкета

/
Jana9

Dali blagoto im gi rasipuva zabite na malite decinja?

Da (50%)

Ne (0%)

Mozebi (50%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!