|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

На кои начини бебето и вели на мама “Те сакам”?

Редакција Рингераја, 6.9.2021
Иако малите бебиња сеуште ја немаат способноста за изразување љубов преку зборови, мајките многу добро ја чувствуваат возвратената љубов на своите бебиња, кои на разни невербални начини велат “Те сакам мамичке”!
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Излишно е да се коментира колку мајките ги сакаат своите деца и колку се обземени со нив кога се бебиња. Тие својата љубов ја искажуваат на илјадници начини. Иако малите бебиња сеуште ја немаат способноста за изразување љубов преку зборови, мајките многу добро ја чувствуваат возвратената љубов на своите бебиња, кои на разни невербални начини велат “Те сакам мамичке”!

 

Како мајките препознаваат дека бебето ги сака?

Кога во средината на ноќта бебето ќе престане да плаче штом мајката ќе му се приближи и пред да почне да го храни, тоа значи дека го чувствува мајчиното присуство, иако е старо само неколку недели. Мајчината близина ги смирува бебињата, а допирот лице на лице ќе го смири и најплачливото и најтажното бебе.

 

Бебињата го сакаат мајчиниот глас и мајчиното пеење

Можеби на возрасните и не му е баш драго да го слушнат вашето ѕвонливо пеење, вашето бебе го обожава. И не само тоа, ако престанете, бебето ќе почне да плаче сакајќи уште да ве слуша.

 

Секогаш се смее на вашите игри

Игрите со бебиња се неограничени и секогаш иновативни. Дали во играта бебето ќе стане авионче, или само ќе го скокоткате на стомачето, бебето со својата смеа ќе ви покаже колку многу ужива во вашите заеднички моменти.

 

Бебето ги возвраќа бакнежите

Откако во првите неколку месеци на живот го избакнавте бебето милиони пати, бебето ја запомни вашата постапка, па сега и тоа ве бакнува вас. До душа тоа не е вистински бакнеж, туку бебешка лигава варијанта со широко отворена уста. Но вие уживате!

 

Зборува со вас

Иако тоа не е вистински говор со зборови и реченици, бебето со гугање се обидува да воспостави комуникација со вас и да ви каже колку ве сака.

 

Ве бара низ просторијата

Уште пред  воопшто да знае да изрази што сака, ќе забележите дека штом се оддалечите од него, бебето ќе почне да ја врти главата и да ве бара.

 

Лицето на бебето ќе “процвета” кога ќе ве види

Независно од тоа дали сте во близина или во сосема друг агол од просторијата, штом воспоставите комуникација со поглед и се приближите, вашето бебе едноставно ќе ги рашири очињата, а вашата мајчинска љубов тогаш ги надминува сите граници.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Падови кај деца
Децата паѓаат. Тоа е дел од нивниот раст, игра и учење. Од првите обиди за чекорење до лудите трки по игралиштата, падов...
20
Родителски битки од кои треба да се откажете
За кои "битки" треба да го преиспита својот став и да се помирите дека децата секогаш ќе ги извојуваат?
3
Нарушеност на вниманието и хиперактивност
Сигурно многу често сте го слушале изразот “Колку е хиперактивно ова дете, не може на едно место да издржи 5 минути” и ...
3
Задолжително лекување на млечните заби
Најраспространета патологија кај децата при редовни систематски прегледи е кариесот. И покрај тоа, многу родители не обр...
3




Анкета

Млеко.
Admin

По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: