Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Секоја жена која го почитува својот изглед и сака да ја зачува својата убавина и младост, треба да почне да ја применува оваа маска.
За подготовка на оваа маска ќе ви биде потребно:
- 1 кесичка желатин (10 гр.)
- 150 гр. кајмак 9млеко, кефир, јогурт)
- 1 чајна лажица глицерин (од аптека)
- 1 чајна лажица мед
Кајмакот е добар за сувата кожа на лицето. За нормална кожа подобро ќе одговара млеко или јогурт. За мрсна кожа – кисело млеко, кефир или јогурт без масти.
Подготовка:
Растворете го желатинот во кајмакот (или друг кисело-млечен производ) и оставете го во фрижидер на 6-8 часа.
После тоа, нежно мешајќи загрејте ја смесата на водена пареа, додека желатинот потполно не се раствори. Извадете го од шпоретот и додадете мед и глицерин. Измешајте.
Почекајте неколку минути додека смесата не се излади и нанесете ја на чисто лице, вратот и зоната на деколтето. Оставете ја да стои 20-25 минути, а потоа отстранете ја со хартиено или памучно марамче, натопено во млеко.
Остатокот од маската измијте го со топла, па со ладна вода.
Подготвената маска може да ја чувате 5-7 дена во фрижидер.
Ефектите од маската ќе бидат видливи по првото нанесување.
Желатинот, кој е во составот на оваа маска ги пегла ситните брчки на лицето и ја подобрува циркулацијата на крвта. Исто така има позитивно влијание врз протеинскиот и аминокиселинскиот метаболизам на кожата и ја подобрува нејзината состојба.
Бидете млади и убави!
3
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Што ја одредува успешноста на ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (ИВФ) е напредна медицинска процедура што на мно...
Опоравување по царски рез - чекор по чекор
Царскиот рез е хируршка интервенција, но и почеток на ново животно пог...
Анксиозност за време на ПМС и менструалниот циклус
Анксиозноста поврзана со предменструалниот синдром (ПМС) и самиот менс...
Кога децата почнуваат да одат? Што е нормално?
Првите чекори на детето се еден од најочекуваните моменти за секој род...
Габични инфекции во бременост. Што е безбедно?
Габичните инфекции се честа појава во бременоста, особено поради хормо...