|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Опоравување по царски рез - чекор по чекор

Редакција Рингераја, 2.5.2026
Царскиот рез е хируршка интервенција, но и почеток на ново животно поглавје. Затоа, опоравувањето бара трпение, разбирање и грижа, не само за бебето, туку и за мајката.

image
Фото:Canva/Во првите денови е најважен одморот и нежното движење, потоа постепено враќање на секојдневните активности.
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Иако секоја жена има различно искуство, постојат општи насоки кои можат да помогнат процесот да помине полесно и побезбедно.

 

Првите 24 часа по породувањето

Во овој период жената е под медицински надзор преку кој се следат виталните функции и се контролира крварењето и болката.

Движењето на родилката е ограничено и треба и помош при првото станување бидејќи телото се опоравува од анестезијата.

Во првите 24 часа започнува и доењето ако е возможно со поддршка од медицинскиот персонал и да се најде удобна позиција.

 

Првите неколку дена

Движењето треба да биде контролирано преку кратки прошетки за подобра циркулација и избегнување нагли движења.

Раната од царскиот рез треба да се одржува чиста и сува и да се следи дали има појава од црвенило, болка или оток.

Болката и заморот се сосема нормални во овој период, а родилката треба да се придржува и кон препишаната терапија.

 

Првите 2-6 недели

Постепено се враќања рутината, па дозволени се лесни активности дома, а треба да се избегнува кревање тешко.

Носете удобна облека и користете перница при кашлање или смеење.

Во овој период нормални се емоционални промени и хормонални осцилации се нормали, па затоа има и потреба од одмор и поддршка.

 

Исхрана и хидратација

Воведете балансирана исхрана односно земајте повеќе протеини за заздравување и растителни влакна за подобра дигестија.

Внесувајте доволно течности. Тие помагаат во опоравувањето и доењето, а спречуваат и запек.

 

Кога да внимавате?

  • Симптоми што бараат лекарска консултација:

-        зголемена болка или температура,

-        необичен исцедок од раната,

-        силно крварење.

 

Емоционално закрепнување

Прифатете го вашето искуство. Сте поминале низ вашата верзија на породување.

Побарајте помош од партнерот, семејството или пријателите. Создадете простор за одмор без чувство на вина.

 

Опоравувањето по царски рез не е трка, туку процес. Малите чекори секој ден водат кон поголема сила и стабилност. Најважно е да се слуша сопственото тело и да се даде време затоа што грижата за себе е дел од грижата за бебето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Прашавме доктор:Болки во грбот во бременоста
Рингераја постојано и будно ги следи Вашите проблеми од сите области. Со цел да Ви помогнеме воспоставивме соработка со ...
3
Триместри, што да очекувате месец по месец?
Иако бременоста трае околу 40 недели, најчесто се дели на три триместри и секој со свои карактеристики, предизвици и пре...
3
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
2
Како порано се правеле тестовите за бремен...
Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...
2




Анкета

Ime
Jana9

Iminja za bliznaci?

Ana i Marija (50%)

Elena i Eva (0%)

Tijana i Tea (0%)

Mila i Mia (0%)

Ana i Ane (50%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!