Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Хормонот наречен човечки хорионски – гонадотропин, почесто среќаван како hCG, се произведува за време на бременоста. Ова е хормонот чиишто нивоа ги отчитуваат и тестовите за бременост. Тој се произведува од клетките коишто ја градат плацентата (плацентата го храни ембрионот и е залепена на ѕидот на матката). hCG хормонот може да биде регистриран најрано, со нормален тест на крвта, околу 11 дена по зачнување, а со обичен тест на урината најрано по 12 – 14 дена. Во вообичаени случаи вредноста на hCG се удвојува на секои 48 – 72 часа и својот максимум ќе го достигне во периодот од 8 до 11 гестациска недела, а потоа ќе се намалува во останатиот дел од бременоста.
Што треба да знаеме за нивоата на hCG?
Насочувачки нивоа на hCG за време на бременоста
hCG нивоа по недели од првиот ден на последниот менструален период (ПРМ), или во гестациски недели
• 3 недели од ПРМ: 5 - 50 mIU/ml
• 4 недели од ПРМ: 5 - 426 mIU/ml
• 5 недели од ПРМ: 18 – 7 340 mIU/ml
• 6 недели од ПРМ: 1 080 – 56 500 mIU/ml
• 7 - 8 недели од ПРМ: 7 650 – 229 000 mIU/ml
• 9 - 12 недели од ПРМ: 25 700 – 288 000 mIU/ml
• 13 - 16 недели од ПМП: 13 300 – 254 000 mIU/ml
• 17 - 24 недели од ПМП: 4 060 – 165 400 mIU/ml
• 25 - 40 недели од ПМП: 3 640 – 117 000 mIU/ml
• не бремени: <5.0 mIU/ml
• Во менопауза: <9.5 mIU/ml
Овие вредности се само насочувачки – кај секоја жена нивоата на hCG можат да се зголемуваат различно.
Што може да значат ниските нивоа на hCG?
Ниските нивоа на hCG можат да имаат различни причини, заради тоа тестот треба да се повтори по 48 – 72 часа за да се утврди нивната промена. Ниските нивоа на hCG може да значат:
- Погрешно пресметана гестациска недела
- Можност за абортус или празна гестациска кесичка
- Вонматерична (ектопична бременост)
Што може да значат високите нивоа на hCG во крвта?
Високите нивоа на hCG можат да имаат различни причини и затоа тестот треба да се повтори за 48 -72 часа, за да се тестираат промените во нивоата.. Високите нивоа на hCG може да значат:
- Погрешно пресметана гестациска недела
- Моларна бременост
- Повеќе плодова бременост
Дали проверката на hCG е рутинска?
Не е вообичаена пракса докторот да ги проверува нивоата на hCG, освен ако нема знаци на можен проблем. Лекарот може да побара испитување на hCG ако има крварење, посилни болки или повторувачки абортуси кај пациентката.
Какво е нивото на hCG по абортус?
Повеќето жени може да очекуваат нивните нивоа на hCG да се вратат во нормала за околу 4 недели по абортусот. Тоа зависи од начинот на кој е извршен абортусот (спонтан абортус, абортус по медицинска препорака, природно раѓање). Лекарите обично продолжуваат да го тестираат нивото на hCG по абортус за да се уверат дека вредностите се вратиле на 5mlU/ml.
Може ли нешто да влијае на нивоата на hCG?
Ништо не би можело да влијае на вредностите на нивото на hCG, освен лекови кои содржат hCG (Pregnyl) Овие лекови честопати се користат за лекување на стерилитет и лекарот треба да даде насока како тие можат да влијаат на тестот. Сите други лекови како антибиотици, седативи, контрацептиви, или други хормонални препарати не би требало да влијаат на резултатите на тестот за hCG.
Забелешка:
Сите материјали, публикации, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето здравје, консултирајте се со својот матичен лекар.
забава Бремените
Автор: bobik
Детството е периодот кога учиме да го разбираме светот и сето она што ...
Црвени дамки, чешање и оток, појавата на осип кај детето може да изгле...
Чувство на вина кај новите родители
Родителството често се прикажува како врвно исполнување, како момент н...
Зошто бројката на вагата не е најважна?
Колку повеќе навлегуваме во светот на фитнесот и здравјето, толку пове...
Пелтечењето е пореметување на говорот кое се јавува кај околу 5% од де...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: