|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Кога децата почнуваат да одат? Што е нормално?

Редакција Рингераја, 2.5.2026
Првите чекори на детето се еден од најочекуваните моменти за секој родител. Но развојот на одењето не следи строго правило и може значително да варира од дете до дете. Она што за едно дете е рано, за друго е сосема нормално.

image
Фото:Canva/Повеќето деца почнуваат да одат самостојно помеѓу 9 и 18 месеци, но секое дете има свој ритам.
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Кога најчесто децата почнуваат да одат?

Просечен период на започнување со одење е меѓу 9 и 15 месеци, но најчесто почнува околу 12 месеци.

Некои деца почнуваат уште на 8-9 месеци. Обично претходи рано исправување и ползење.

Кај некои деца доаѓа до подоцнежно одење. До 16-18 месеци сè уште може да биде нормално. Често се појавува кај деца кои подолго ползат или внимателно се движат.

 

Фази пред првите чекори

  • Ползење кога се развива координацијата и силата.
  • Исправање со потпора како држење за мебел или раце.
  • „Крстарење“ (cruising) односно движење долж мебелот со држење.

 

Што влијае на времето на одење?

  • Генетика. Ако родителите подоцна прооделе, често и детето следи сличен ритам.
  • Темперамент на детето. Попретпазливи деца започнуваат со одање подоцна.
  • Моторен развој односно силата на мускулите и развојот на координацијата игра улога.
  • Колку време поминува на под. Колку повеќе има слободно движење толку е побрз развојот на детето па со тоа темпо започнува и одењето.

 

Што е нормално, а што не?

Нормално е започнување со одење  помеѓу 9 и 18 месеци. Секое дете има различен стил на одење на почетокот како на пример на прсти, нестабилно.

Консултирајте се со лекар:

- Ако детето не покажува интерес за стоење до 15-16 месеци.

- Ако има значителна асиметрија во движењето.

- Ако не се обидува да се движи ни со поддршка.

 

Како родителите можат да помогнат?

Родителите треба да го охрабрат своето дете да оди, да му овозможат слободно движење, а не да вршат притисок.

Треба да се направи безбедна средина за движење односно простор без опасни пречки.

Најдобро е босо да оди по дома за подобра рамнотежа и поголемо чувство за подот под неговите стапала.

 

Секое дете има свој ритам на развој. Првите чекори не се трка, туку природен процес што доаѓа кога телото и самодовербата се подготвени. Најважната улога на родителите е да бидат поддршка, не да брзаат, туку да охрабруваат.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали го вакциниравте Вашето дете?
Дали го вакциниравте Вашето дете против мали сипаници?
4
Колку вода треба да пиеме на ден?
Колку вода треба да пиеме зависи од нас самите и од факторите кои влијаат на потребата за вода. Телото содржи околу 60 %...
4
Исхрана за заздравување по породување
По породувањето, вниманието природно е насочено кон бебето. Но, и телото на мајката има потреба од грижа, енергија и хра...
3
Прашавме доктор: Справување со нејадењето
Рингераја постојано и будно ги следи Вашите проблеми од сите области. Со цел да Ви помогнеме воспоставивме соработка со ...
3




Анкета

dilema
dani07

go sonuvav imeto Ivana dali da go stavam na moeto bebe

da (79%)

ne (21%)


Број на сите гласови: 207

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!