|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Дали го вакциниравте Вашето дете?

Министерство за здравство на Р.М, 27.4.2011
Дали го вакциниравте Вашето дете против мали сипаници?

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Малите сипаници (морбили) се едно од најзаразните заболувања кое е предизвикано од вирус (morbili virus) и се карактеризира со: висока температура, малаксаност, главоболка, болка и гребење во грло, сува кашлица, течење од нос, црвени, отечени и насолзени очи и карактеристичен исип кој почнува од главата (зад ушите, косматиот дел, лицето, вратот), па се шири надолу по целото тело, на дланките и табаните (како вода од туш). Типичен е исипот на слузокожата на усната шразнина и мекото непце.

Можни компликации од ова заболување се: воспаление на средно уво, воспаление на дишните патишта и белите дробови, воспаление на мозок, а можен е и смртен завршеток.

Во 2008 година, од компликации на мали сипаници во светот умреле 164.000 лица -450 смртни случаи секој ден или 18 - секој час.

Болеста се пренесува преку воздух, со ситните капки секрет од дишните патишта, кои при кашлање, кивање или гласно зборување ги исфрлаат болните или заразени лица.

Во Република Македонија има појава на мали сипаници кои се шират во се поголем број на градови и населени места!

НАЈДОБАР НАЧИН ДА ГО ЗАШТИТИТЕ ВАШЕТО ДЕТЕ И СЕБЕСИ ОД ЗАБОЛУВАЊЕ ОД МАЛИ СИПАНИЦИ Е ДА СЕ ВАКЦИНИРАТЕ ПРОТИВ ОВАА БОЛЕСТ, БИДЕЈЌИ ВАКЦИНАЦИЈАТА Е ЕДИНСТВЕНА УСПЕШНА ПРЕВЕНТИВНА МЕРКА!

Бидете сигурни дека Вашето дете/Вие сте потполно вакцинирани:

- Проверете во картонот за вакцинација или здравствената легитимација (прва доза се дава на сите деца со наполнети 12 месеци живот, втора доза - на 6 годишна возраст)!

- Побарајте објаснување и помош од матичниот лекар или од службата за вакцинација во Вашиот реон на живеење!

- Одговорете на повикот на службата за вакцинација и веднаш однесете го Вашето дете да биде вакцинирано, доколку има над шест месеци, а не е вакцинирано против ова заболување!

ВАКЦИНИРАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО ЗА СИТЕ ЛИЦА НА ВОЗРАСТ ОД 6 МЕСЕЦИ ДО 40 ГОДИНИ!!!

Лицата до 18 годишна возраст ќе се вакцинираат во службите за вакцинација при здравствените домови на територијата на која живеат!!!

Лицата од 19-40 годишна возраст ќе се вакцинираат во надлежните центри за јавно здравје, односно нивните подрачни единици.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Телото по породувањето не е исто. Еве што ...
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хормонални промени. Потребно е време организмот посте...
6
Млеко во исхраната – кое, кога и колку?
Млекото се истакнува како еден од најважните и најпотполни продукти во исхраната на децата, но она на што треба да се в...
4
Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
4
Нормална телесна температура кај новороден...
Телесната температура кај новороденчињата и малите бебиња може малку да варира, но е важен показател за нивното здравје....
3




Анкета

Содржини на Рингераја
Julie1

Какви содржини најмногу сакате да читате (гледате) на Рингераја?

Стручни артикли од област на гиникологија (42%)

Стручни артикли од област на педијатрија (34%)

Стручни артикли од област на стоматологија (0%)

Артикли за убавина и мода (8%)

Анкети од познати личности и нивните бебенца (5%)

Видео содржини (11%)


Број на сите гласови: 38

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!