namesp во 10:12
Кортикостероиди за дерматолошка примена
Редакција Рингераја, 22.1.2014
Кортикостероиди се хормони на кората на надбубрежната жлезда кои имаат бројни физиолошки функции. Имаат и бројни фармаколошки функции, а денес се развиени системски деривати на природните кортикостероиди, на кои им се засилени некои фармаколошки особини, а други им се потиснати.
Кортикостероидите се заради своите антиинфламаторни карактеристики, едни од најкорисните лекови. Посебно се значајни во лечењето на различни воспалителни болести на кожата како дерматитис, атопски дерматитис, себореичен дерматитис и себореа, во системско лечење на псоријаза, лупус и други бројни кожни воспалителни болести.
Кортикостероидите се применуваат локално заради своето нагласено антиинфламаторно својство и антиалергиско дејство. Се делат на четири групи:
- Слаби кортикостероиди: метилпреднизолон, хидрокортизон, преднизолон
- Умерено јаки кортикостероиди: клобетазон, флуметазон, флуокортин, флуперолон, флуорометолон, флупредниден, дезонид, триамцинолон, алклометазон, декламетазон и хлокортолон
- Јаки кортикостероиди: бетаметазон, флухлоролон, дезоксиметазон, флуоцинолон ацетонид, флуокортолон, дифлукортолон, флудроксидкортид, флуоцинонид, буденозид, дифлоразон, амцинонид, халометазон, мометазон, метилпреднизолон ацепонат, беклометазон, флутиказон, предникарбат, дифлупреднат и улобетазол
- Многу јаки кортикостероиди: клобетазол и халцинонид
Хидрокортизон (кортизол)
Хидрокортизон е кортикостерод со брзо и кратко дејство. Спаѓа во групата на слаби кортикостероиди, а всушност е природен кортикостероид кој го лачи надбубрежната жлезда. Неговата предност пред останатите, синтетски кортикостероиди е во тоа што брзо се разградува во самата кожа, па не може да се акумулира и да создаде залиха која би довела до дерматолошки нуспојави.
Препаратите со хидрокортизон се користат за лечење на егзема и дерматитис. Доколку е во прашање воспаление заради кожна инфекција, тогаш не смее да се користи препарат кој содржи само хидрокортизон, туку комбинација на антибиотици. Исто така, не смее да се користи на отворени рани и улцерации, заради опасност од негова апсорпција во крвотокот. Можни нуспојави се истанчување на кожата и појава на стрии.
Алклометазон
Алклометазон е системски кортикостероид кој се користи за лечење на дерматолошки воспаленија. Спаѓа во умерено јаки кортикостероиди. Препаратите со алклометазон се применуваат во лечење на дерматози кои реагираат на локално лечење со кортикостероиди (атописки дерматитис, контактен дерматитис, псоријаза). Заради неговото слабо дејство во однос на другите кортикостероиди, се применува и кога кожните промени се наоѓаат на чувствителните делови на телото (лице и интертригинозните подрачја), кај хронична дерматоза кај болни со чувствителна кожа (деца и постари лица), при лечење на големи површини на кожата, посебно кај децата, заради минималната системска апсорпција и како продолжение на лечењето започнато со јаки кортикостероиди за локална примена на кожата.
Не смее да се применува при туберкулоза на кожата, варичела, периорален дерматитис и розацеа. Долготрајна примена на големи површини на кожата не е препорачлива бидејќи може да дојде до системски нуспојави. Примена на локален препарат со алклометазон кај трудници е дозволена само во потешки случаи. Кај малите деца постои поголема можност за системска апсорпција заради поголема површина на кожа во однос на телесната маса и заради недоволно развиен роговиден слој на кожата. Од нуспојави можат да се јават чешање, еритем, иритација и осип. Многу ретко можат да се јават промени на кожата како акни, хипопигментација, фоликулитис, стрии, атрофија на кожата, алергиски контактен дерматитис и секундарни инфекции на кожата.
Бетаметазон
Бетаметазонт е еден од најзачајните локални кортикостероиди. Антиинфламаторното дејство му е 30 пати појако од кортизолот. Не смее да се применува при туберкулоза на кожата, варичела, перорален дерматитис и розацеа. Не се препорачува и долготрајна локална примена на лицето. Кај децата може да дојде до апсорпција на пропорционално поголема количина од локално применетиот бетаметазон, па примената на децата мора да биде сведена на најкратко можно време.
Во ретки случаеви локалната примена може да доведе до системски нуспојави – ретардација на растот и хипертензија (само кај деца), намалување на толеранцијата на јагленохдрати и Кушингов синдром. Предолга терапија може да доведе до осип, чешање, локална хиперпигментација, како и депигментација на кожата, депигментација на косата и инхибиција на функцијата на лојните жлезди.
Метилпреднизолон
Метилпреднизолонот спаѓа во групата на слаби кортикостероиди. Се користи во облик на маст или крем во лечење на разни облици на дерматитис, дегенеративна егзема, вулгарна егзема и егзема кај децата. Не смее да се применува во случаи на туберкулозни и сифилисни промени и вирусни болести. Посебно треба да се биде внимателен кај деца и трудници заради можни нуспојави, ако се применува долготрајно и на поголеми површини на кожата. Можни нуспојави се чешање, печење или меурчиња на кожата. Во ретки случаи може да се јави прекумерен раст на влакна и алергиски реакции.
Мометазон
Мометазон е нов системски кортикостероид кој се повеќе влегува во клиничка примена. По хемискиот состав тој е поинаков од останатите кортикостероиди, бидејќи содржи хлор надвор од стероидното јадро. Спаѓа во групата на јаки кортикостероиди и појак е од бетаметазонот. Се користи во облик на маст, крем и лосион првенствено за лечење на псиријаза и атописки дерматитис.
Можни нуспојави се чувство на надразнетост на кожата, фоликулитис, чешање, истанчување на кожата, стрии, зголемено растење на влакна, губење на пигментацијата на кожата.
Регистрирани лекови:
- hidrokortizon (kortizol) – HYDROCORTISON (Galenika Srbija),
- alklometazon dipropionat – AFLODERM (Belupo Hrvatska),
- betametazon dipropionat – BELODERM (Belupo Hrvatska),
- dezoksimetazon - ESPERSON MITE (Jugoremedija Srbija), ESPERSON (Jugoremedija Srbija), ESPERSON M (Jugoremedija Srbija),
- fluocinolonacetonid – SINODERM (Galenika Srbija), PANOLON (Panfarma Srbija),
- diflukortolon – DECOTAL (Alkaloid Makedonija),
- mometazon – ELOCOM – (Schering-Plough Labo Belgija),
- fluocinolonacetonid, neomicin - SINODERM N (Galenika Srbija),
- hidrokortizon, oksitetraciklin – GEOKORTON (Pliva Hrvatska), HYDROCYCLIN (Galenika Srbija),
- betametazon, gentamicin – BELOGENT (Belupo Hrvatska), DIDERMAL (Galenika Srbija),
- betametazon, salicilna kiselina – BELOSALUC (Belupo Hrvatska), DIPROSALIC (Schering-Plough Labo Belgija).
Извор: Stetoskop.info
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Во производството максимално користевме состојки од природно потекло како и масла посебно развиени за нега на кожата на ...

Во присуство на претставници на медиумите, педијатри, фармацевти, технолози, дерматолози и останати блиски соработници, ...
