|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Марула - мала зелена аптека

www.doktori.mk, 4.4.2014
Едноставно не постои човек кој живее на Балканот, а кој ја нема пробано и нема уживано во вкусот на зелената салата

image
/11


 

Таа се вклопува во сите јадења, одличен декоратор е за многу ваши специјалитети и можеби е најдобриот избор кој оди со чаша ракија. Денес накратко ви ја претставуваме марулата, а на истата ќе и го дадеме епитетот мала зелена аптека, зошто е тоа така, прочитајте во текстот кој претстои ... 

Марулата или кај нас позната како зелена салата е најчест гостин на нашата трпеза, порано таа можеше да се најде во првите денови на пролетта, но денес ја има скоро низ целата година. Позната им е на луѓето векови пред новата ера. Старите Грци и препишувале многу лековити својства, некои велеле дека е одлична против кашлање, други пак велеле дека е најдобро да се конзумира пред спиење бидејќи го подобрува сонот, како и да е, ние со сигурност се согласуваме дека зелената салата е многу моќен зеленчук, ништо помалку корисен од останатите, но истовремено таа нуди и многу свои специфични благодети.

Нашата мала зелена аптека е богата со многу минерали кои се во идеален сооднос. На неа можеме да и препишеме многу поволности кои навистина делуваат и се од голема корист за организамот. Марулата ги штити и чува нервите, но истовремено го јакне и одржува имунитетот, па нејзиното користење за време на сезоната на настинка и грип е можеме да кажеме неопходно. Но,  многу важно е што зелената салата е природен диуретик, таа го елиминира вишокот течности во организамот, го штити срцето и крвните садови и го подобрува функционирањето на бубрезите.

Марулата содржи материја која ги орвора крвните садови, спречува настанување на наслаги на крвните садови, исто така го намалува ризикот од инфарк и други несакани состојби на кардио васкуларниот систем. Марулата е пријател на целото тело, ги штити сите ситеми и органи, и го регулира крвниот притисок. Таа е исклучително богата со витамин Ц, но и други витамини од групата Б, Е и А. Ако кажеме дека зелената салата е уште наречена и растение на убавината можеби ќе се зачудите, но таа ја одржува кожата ја храни и рехидрира и го спречува појавувањето на брчки.

Зелената салата се користи и како лек против опстипација(запек), и е одличен регулатор на работата на цревата. Според некои истражувања таа го намалува ризикот за појава на дијабет тип 2, и многу други болести.

Можеби секојдневно ја користевте, но треба да признаете дека не сте ни очекувале дека таа е толку многу здрава и корисна, дури и многу покорисна од некои растенија за кои луѓето имаат високо мислење. Затоа не престанувајте и не одвикнувајте се од оваа вкусно и лесно достапно јадење бидејќи таа е пријател на организамот и го заслужува секојдневното присуство на вашата трпеза.

 

 doktori.mk.logo

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колапс, синкопа или губење на свеста
Кризата на свеста претставува застрашувачко искуство за родителите – повеќето од нив имаат црни мисли за епилепсија, или...
4
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4
Водич по возрасти за лажењето кај децата
Сите деца понекогаш лажат и тоа е дел од растењето.
3
Температура кај бебиња и деца
Температурата е една од најчестите причини поради кои родителите бараат лекарска помош за своето дете. Но иако може да з...
3




Анкета

Независност.
Admin

Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.