vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
На децата не им пречи дождот. Познавате ли барем едно дете кое одбило одење во парк заради тоа што надвор врне дожд?
Мантил за дожд и гумени чизми можат да се купат на секој чекор и не се посебно скапи.
Во земјите како Шведска, врне дожд околу 270 денови во годината, а нивните деца поминуваат повеќе време надвор отколку нашите.
Во текот на еволуцијата, малите деца го поминувале целото детство надвор, играјќи си по сите временски услови, што значи дека децата се генетски прилагодени на “киснење”.
Доколку децата се надвор додека врне, ќе сфатат дека животот се одвива нормално, без оглед на временските услови.
Играњето со вода е извор на радост кај малите деца, а има и докажана психотерапевска улога.
Децата кои си играат додека врне ќе бидат помалку разгалени и свилени.
Барата полна со дождовница е фантастично место за експерименти и забава.
За да ја сака, почитува и чува природата, детето треба да се сроди со временските појави.
Пуштајќи го детето надвор на дожд му порачувате дека е способно и отпорно, со што му ја градите самодовербата.

4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Играчките не се само за забава
Играчките не се само средство за забава. Тие се важен дел од детството...
Храна што може да помогне при висок крвен притисок
Високиот крвен притисок е една од најчестите здравствени состојби и ва...
Најважни здрави навики што децата треба да ги усвојат
Здравите навики што децата ги усвојуваат во најраната возраст можат да...
Како да ги заштитите облеката, храната и домот од молци
Молците можеби изгледаат безопасно, но нивните ларви можат да направат...
Зошто е важно да бидеме дарежливи?
Дарежливоста е многу повеќе од подарување пари или материјални работи....