|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Децата кои имаат милениче имаат помалку стрес

Редакција Рингераја, 21.10.2021
Човековиот најдобар пријател може да биде и најдобар пријател на децата, во текот на нивниот развој. Истражувањето објавено во магазинот Social Development покажува дека децата се справуваат со стресот полесно, кога имаат милениче
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Истражувачите од Универзитетот во Флорида во своето истражување опфатиле околу 100 семејства кои имаат деца на возраст од 7 до 12 години, а кои и поседуваат милениче во својот дом. На децата им биле дадени задачи поврзани со јавно говорење и математички тестови (задачи за кои е познато дека предизвикуваат стрес кај децата). Во таквите ситуации, до децата биле присутни нивните родители, нивното милениче или пак никој од нив. Притоа, истражувачите имале можност да го мерат нивото на кортизол (хормон на стресот) кај децата.

Било утврдено дека децата кои го имале своето домашно милениче покрај себе покажале помалку стрес за разлика од децата кои немале никаква поддршка. Ова е наведено во изјавата дадена од др. Дарлен Кертес – лидер на истражувањето. Според др. Кертес, интересно е тоа дека нивоата на стрес зависеле од тоа дали децата имале интеракција со своето милениче за време на задачата. Оние кои го галеле своето милениче или зборувале со него покажале значително пониски нивоа на стрес.

Резултатите од ова истражување ги надополнуваат многуте истражувања во оваа област кои покажуваат дека домашните миленичиња придонесуваат за намалување на нивото на стрес, анксиозност и депресија кај луѓето, а со тоа и намалување на осаменоста, но и ризикот од срцеви заболувања. Доктор Кертес заклучува дека како учиме да се носиме со стресот како деца има долгорочни последици на тоа како се справуваме со стресот во текот на целиот живот. 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Децата и самостојноста
Многу често се случува децата до тргнување на училиште да не знаат да си ги врзат чевлите, патиките, да ја закопчаат јак...
4
Тодор Гечевски: Се радувам на секој збор н...
За еден родител најтешко е ако не може да му помогне на своето дете, вели ко­шар­кар­ска­та ѕвезда Тодор Гечевски, кој в...
4
Во учебник по математика: 6х9=56 ?!?!
Без коментар!
4
Фото: Најдобрите татковци на сите времиња
Прекрасните татковци можеби се ретки, но навистина постојат! Сакате доказ? Во прилог се 20 фотографии од најдобрите татк...
3




Анкета

koj sport go sakas
daniel



rakomet (42%)

futbal (23%)

odbojka (35%)


Број на сите гласови: 31

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!