|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Дисциплина преку казна - мисија (не) возможна?

Редакција Рингераја, 22.11.2021
Го чистите ѕидот, исшкртан со фломастери и за секунда погледнувате настрана и го гледате вашиот омилен кармин на покривката од креветот. Гледате и со ужас утврдувате дека саксијата со убавата орхидеја е стркалана надолу на земјатата...
Клучни зборови:

image
/11


Го оставивте детето само за момент, нели? Сега имате две прашања: Како да се справите со ремек-делата на вашиот гениј и што да направите за да престане да ги создава?

 
Многу важно е да им ги објасниме правилата. Треба да му се објасни на детето што е добро, а што не е добро да се прави во различни ситуации и што очекуваме од него. Правилата е добро да ги објаснуваме јасно и во релаксирана ситуација, за да не слуша внимателно.


Правилата се објаснети, но детето не ги почитува, а ние сме повеќе од напнати. Во овој случај е подобро наместо да го караме, да му кажеме дека погрешило и да го оставиме за кратко. Така оставаме малку време само да ја сфати грешката.


Постојат некои препорачливи техники за примена на казна. Можеме да бараме од детето да ја поправи направената беља. Ако разлеало чаша сок, казната е да го исчисти, или ако скрши играчка, дури и да може да се поправи, да не му дозволуваме да си игра со неа одреден временски период.


Друга техника е онаа кај која однесувањето на детето е поврзано со последиците. Ако детето не ги подредува играчките може да ги сокриеме за неколку дена или недела.
Воспоставувањето на досадно место за казна, каде ќе го испратиме детето да остане, исто така, е работен метод. Местото сепак треба да е внимателно избрано - да не е собата во која игра, туку некаде каде детето не би сакало да стои кога не е казнето. Времето на казната треба да одговара и на возраста на детето - ако тоа е на 3 години, најмногу да стои 3 минути казнето.
 
Исклучително важна при казнувањето е едногласноста. Ако мајката казнува, а таткото ја укинува казната детето се збунува, започнува да се прашува какви се правилата и е премногу можно да ја загуби почитта кон родителите.
Откако казната ќе истече и детето е мирно, можеме да разговараме со него и да му ја објасниме ситуацијата. Шансата тоа да заземе одреден модел на однесување е многу поголема во мирна атмосфера со пријатна комуникација со родителите, отколку во напнат момент на висок тон.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детска Новогодишна работилница
Детската еуфорија за Нова Година е огромна, а нивната желба за учествуваат во подготовките за празникот – незапирлива. И...
6
Провална кражба во автомобил
Често пати за каква било акција веќе е предоцна. Сите мерки што треба да ги преземеме за да спречиме да дојде до провалн...
6
Дали на децата треба да им велиме “Браво!”?
Било да се најдеме на детско игралиште, да посетиме детска градинка или училиште, или да појдеме на роденденска забава, ...
3
Др. Комаровски: Како да пораснете здраво д...
Ако детето два месеци трча гладно, валкано, босо – тоа му го чува здравјето цела година
3




Анкета

Содржини на Рингераја
Julie1

Какви содржини најмногу сакате да читате (гледате) на Рингераја?

Стручни артикли од област на гиникологија (42%)

Стручни артикли од област на педијатрија (34%)

Стручни артикли од област на стоматологија (0%)

Артикли за убавина и мода (8%)

Анкети од познати личности и нивните бебенца (5%)

Видео содржини (11%)


Број на сите гласови: 38

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!