Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Мајка ми има 70. Таа ми дава круши и јаболка и вели, извинувајќи се: Не се баш убави на изглед, но многу се вкусни. И не се прскани, од нашата бавча се. Земи, знам дека сакаш...
И јас земам. Земам и сирење. Затоа што го сакам сирењето на мама. Излегувам, седнувам во автомобил и одам. И повторно некаде тргнувам. Ги менувам градовите и временските зони. Доаѓам кај мајка ми кога ќе можам. Откако ќе завршам со сите обврски. По кафето со другарките, фризерот и маникирот.
Ќе и донесам нешто вкусно, брзо ќе ја прашам како е, што има ново, нестрпливо ќе ја сослушам и понекогаш ќе бидам иронична по нејзините, за мене безначајни, проблеми и грижи. И пак заминувам – трчам кон своите обврски.
Мама задолжително ќе ми каже дека сум слабо облечена, дека не го чувам грлото, затоа и не ми поминува кашлицата. Ќе ми каже дека многу работам и дека е време да се смирам. Ќе се согласи дека животот е комплициран и дека не е страшно што не можам почесто да доаѓам кај неа.
А живееме 20 километри оддалечени една од друга. И се јавувам редовно и ги слушам нејзините детални приказни за пазарот, за сестра ми на која и е тешко сама на село, за тоа дека доматите не родиле годинава, па дури ни спанаќот не успеал, дека нашата мачка ја искасало кучето на комшиите...
Мене не ми е интересно. И ми се чини дека во нејзиниот живот не се случува ништо важно. Малку ќе се налутам кога ми се жали на своите болки, ја молам да оди на лекар, а таа само одмавнува.
И одеднаш мама многу жално ќе ми каже: “На кого да се пожалам, ако не тебе...”
А јас ќе занемам, држејќи го телефонот во рака и сфаќам колку сум неправедна. И дека овој нејзин ѕвонлив глас и сите нејзини зборови и вечните расправии за тоа кој е во право и нејзиното негодување и моето правдање – сето тоа е наш живот. Оној кој е овде и сега.
Скокнувам во кола и одам “непланирано” кај неа. Таа успева да ми испече лепињи, тато ми нуди да се напијам вино. Но вино не можам. Возам. Тој пие сам, го фали своето вино. Се смееме.
Се виткам во шалот на мама, ладно ми е. Мама брзо става дрва во каминот. И јас сум повторно безгрижно мало и задоволно девојче. И се е вкусно. И топло. И нема никакви проблеми.
Мамо, живеј ми уште долго, долго. Јас не знам како е кога нема да го слушнам твојот глас, не знам како е без твојата кујна и без топлината на домот која ја создаваш... Јас не знам како е тоа – да се живее без тебе...
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Пелени - основни работи за секој родител
Изборот на вистинската пелена и разбирањето како да ги користите и да ...
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, п...
9 засрамувачки симптоми на бременоста
Еве неколку од нормалните симптоми на бременоста кои ги засрамуваат тр...
Што треба да знаете кога ќе дојдете дома со бебето
Кога ќе добиете нов член во семејството, сосема еочекувано да имате бе...
Контракции - СЕ што треба да знаете
Ако сте бремени, веројатно размислувате за контракциите - особено кога...
Враќање на работа по породилното отсуство.
Admin
Со какви предизвици се соочувате кога се враќате на работа по породилното отсуство?