|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сите родители доаѓаат во период кога на детето креветот му станува премал, а играчките се посложени. Време е на детето да му ја средите детската соба.
Клучни зборови:

image
/11


Сите родители доаѓаат во период кога на детето креветот му станува премал, а играчките се посложени. Време е на детето да му ја средите детската соба. Се поставуваат многу прашања, а посебно финансиски. Затоа се гледа, се планира и избира меѓу повеќето можности кои денес ги нудат произведувачите на мебел. Притоа мора да се има на ум дека детето е сеуште мало, но секој ден расте, па со него растат и интересите и потребите. Детската соба треба да расте заедно со детето и да ги задоволува потребите во одредени периоди од неговиот живот, значи прво играње, потоа почеток на училиште и подоцна повисоките одделенија.

Може да се избере мебел кој ќе се дополнува, бидејќи детето ќе го надрасне (на пр. во повисоките одделенија). Постои можност да се најде и комбинација која ќе одговара до пубертетот, (а тогаш веќе сигурно ќе дојде и до преуредување на собата), а може да се избере и неутрална соба која истовремено ќе ги задоволува потребите во раното детство и подоцна во средно училиште се до нивното осамостојување.

Мебелот и опремата треба да го поттикнуваат детето на игра, а подоцна на учење. Најважна, е секако безбедноста, што значи дека опремата мора да биде стабилна, практична за употреба и не смее да биде штетна за здравјето на детето.

Мебелот, најчесто е создаден од иверица и фурнир, кои се познати по тоа што содржат разновидни лепила и други отровни состојки (формалдехиди) кои подолго време испаруваат во воздухот. Затоа стручните лица препорачуваат да се распрашаме за начинот на изработка кај продавачите или производителите. Притоа треба да знаете дека квалитетниот и здрав мебел е многу поскап.

По тоа прашање најдобар е мебелот од масивно дрво, кај кој при неговата изработка не се употребуваат штетни лакови. И таков мебел може да биде интересен за децата, а пред се многу прилагодлив. Опремата во собата треба да биде распоредена така што детето ќе има поголем простор за играње (на пр. ормани кои можат да се преместуваат), а мораме да се погрижиме и за пријатно спиење на детето.

Ако во собата престојуваат повеќе деца, креветите на спрат во различни варијанти се одлично решение. Не смееме да заборавиме ниту на орманите за гардероба кои мораат да бидат доволно големи и за подоцна. Помалите орманчиња може на почетокот да се употребуваат и за играчки.

Децата многу време поминуваат на под (играјќи) и затоа е најдобро да имате тепих кој не е прицврстен, за полесно чистење. Не заборавајте на креветот и на јоги душекот, кој е многу важен, бидејќи на него се спие подолго време. Креветот не смее да биде премногу низок, а душекот не смее да биде премногу мек, ниту премногу тврд. Убаво е да биде изработен од природен материјал, за да не се задржува влага во него. Ќебињата, прекривачите, постелнината, тепихот и останатите работи треба да бидат изработени од природни материјали како лен, памук, волна и слично за да може да се перат во машина за облека.

И на крај, не смее да се заборави на светлината во собата. Препорачливо е подолго  време да преовладува дневна светлина, која рамномерно го осветлува комплетниот простор. За долгите зимски вечери и врнежливи денови, најдобро е светло поставено на плафон, кое рамномерно ги осветлува ѕидовите и подот. Различните рефлектори кои моментално се во тренд, се употребуваат само како дополнително осветлување и во тој случај не смеат да бидат во различна боја (по желба на детето) Ламбата на работната маса мора да има умерена светлина поради сенките. И уште еден совет: не заборавајте да ги заштитите штекерите и каблите.

Чувството на среќа и задоволство кај детето е најважно, затоа активно вклучете го во се, бидејќи така ќе може да ги искаже своите желби (кои не мора секогаш да се исполнат), а на тој начин и полесно ќе се “всели” во својата соба.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ортопедски проблеми кај децата
Како што поминува времето, можеби забележувате дека вашето дете не расте сосема според правилата. Кај многу деца се јаву...
4
Како да се помогне на децата во пишувањето...
Во еден идеален свет би било можно подеднакво добро да го поминувате времето со семејството и истовремено со тоа да сте ...
4
Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
4
Слабовидост и оштетен слух кај децата
Знаци на препознавање слабовидост и оштетен слух кај децата
4




Анкета

Maksim ili Pavel
Sandric



Maksim (41%)

Pavel (59%)


Број на сите гласови: 143

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!