namesp во 10:12
Тодор Гечевски: Се радувам на секој збор на синот
Редакција Рингераја, 1.12.2013
Познатиот кошаркар ја отвори душата и јавно прозборе за нивниот проблем, за борбата, за надежта, верувајќи дека оваа негова исповед ќе им помогне на многу родители што се на почетокот и не знаат што ги чека.
- До една година, Божидар нормално се развиваше. Знаеше зборови колку децата на неговата возраст. Викаше и мама и тато. Кога имаше една година, тогаш живеевме во Задар, му ставивме вакцина, и по неколку месеци заминавме за Кавадарци. Дека нешто не е во ред прв забележа татко $ на сопругата Даниела. Рече: “А бе зошто детево не ни обрнува внимание кога го викаме?”. Тогаш му рековме дека можеби ги заборавил. Ни на крај памет не ни беше што значи неговото однесување. Но кога се вративме во Задар, тој почна и со нас да се однесува така. Ни вртеше грб, како да ни се лути за нешто. Почна да си игра сам, да не комуницира со никого. Јас тоа лето од Кавадарци за Задар заминав порано, а тие дојдоа по еден месец, и мислев затоа мене ми се лути. Случајно, пак, на пат во авион, сопругата Даниела во весник прочитала за симптомите на аутизам и во симптомите препознала некои од движењата кај Божидар. Ама на почетокот си викавме не, не, не е можно тоа нам да ни се случи. Па тој сосема нормално се однесуваше првата година. Но по некое време сфативме дека, сепак, нашето дете ги има скоро сите симптоми на аутизам. Освен агресивност. Никогаш не бил агресивен, ама правел постојани и необични движења. Престана и да зборува. Место да кажува сe повеќе и повеќе зборови, тој престана да вика и мама и тато, а ако кажеше некој збор, тој не беше целосен.
Кога сфативте дека вашето синче има аутизам, што направивте?
- Прво две недели бевме во шок, но потоа се созедовме и почнавме да се интересираме што понатаму. Бевме во Белград, на испитување и на психолог. За чудо, таму кога докторката викна по него, тој се сврте. Таа ни рече дека возраста од една и пол година е мала за да се каже точно дали е аутизам или не. Дека треба уште малку да порасне. Но јас и Даниела не можевме да седиме и да чекаме Божидар да расте со проблемот. Зашто сметавме дека тоа што го виде докторката е само момент, а ние сме постојано со него и знаеме дека нешто не е во ред. Дека нашето дете не е како што беше. Направивме тестови од урина и ги пративме во Норвешка. Оттаму ни рекоа дека не треба да прима продукти со глутен. И почнавме со диета, да не јаде ништо што содржи глутен. Божидар е на диета до ден-денес. Сопругата почна да чита многу книги за да се информираме, оти ниеден доктор не можеше да ни помогне. Најзадоволна е од книгата “Детето што ги сакаше прозорците”, во која се искажани искуства на една мајка што имала аутистично дете. Се зборува за терапии, диети, за методи. Тоа ни помогна многу, но и сами почнавме да се информираме. Ни препорачаа “флор тајм”, тоа се игри на под, со што би го заинтересирале и би му предизвикале некаква емоција. Почнавме сите по дома да трчаме и да правиме работи за да му предизвикаме внимание. Еден професор ни рече дека кога има ваков проблем, не е само детето аутистично туку и целото семејство. И има право. Во тоа се уверивме бидејќи целото семејство максимално сме му посветени нему, и тоа не само јас и Даниела туку и нашите родители. И тие знаат да се однесуваат според потребите на Божидар. Дури и нашата помала ќеркичка Сара учи со него. Пред нешто да му даде, прашува дали бато смее да го јаде или не. По едно испитување ни кажаа и дека има кандида во цревата. Тогаш почнавме и друга диета за кандидата, која беше уште поригорозна од претходната. Не смееше да има ни тестенини ни конзервирана храна, шеќери, соја. Ма ништо. Но, ете, со време и тоа го научивме. Мислам дека тогаш ги постигнавме најголемите резултати, зашто оттогаш почна и по малку да зборува. Тогаш почна да ни одговара на прашања од типот “Како прави магарето”, “Како прави пожарната” и слично. Одговараше на прашањата, без оглед што одговорите беа само самогласки. Првите зборови му беа: “Ајде, тато”. Мама уште цела следна година не можеше да каже. Не можеше буквата М да ја изговори. Прв логопед што се нафати да работи со него, кога Божидар имаше само две години, е Силвана од Неготино. Цело лето додека бевме во Кавадарци, работеше со него. Ми беше жал со само две години да го гледам со ранчето на грб, секој ден на логопед. Првите две недели кај неа само врескаше и плачеше, ама после се навикна и со неа и со сите други логопеди, зашто кога се вративме во Задар, и таму веднаш ангажиравме логопед. Божидар сега има 8,5 години и од негови две години сме со логопеди, дефектолози и со еден куп други терапии.
Што му помогна за овие години?
- Не знам. Веќе и не знам што сe не направивме. Разни тестови, испитувања, суплементи еден куп, хомеопати, психолози, диети, арт терапија и не знам што уште не направивме и што уште ќе направиме. Но мислам дека најмногу помогна работната терапија. Силвана беше најупорна, иако Божидар првично не сакаше да соработува. Ама подоцна ја засака, и секој ден му се зголемуваа минутите кај неа. Еве сега во школо, на едно место може да седи и по 5-6 часа. Ама со него постојано работиме. И нему веќе не му е проблем нешто да научи, само му е проблем комуникацијата. Сака да комуницира, ама не знае како. Во тоа многу му помага и помалата сестра Сара. Тој, пак, ја слуша можеби повеќе одошто треба. Сe што сака да му земе, му зема, а и тој $ дава. Сe што ќе посака сестра му, $ дава, дури и му викаме да не ја слуша сe што ќе му каже. Божидар воопшто не е агресивен. Најмногу што направил досега, е што скина лист од боенка, а потоа нe молеше да го залепиме. Како помал плачел и не знаел да ни каже што го боли. Само плаче, и не зборува. А сега тоа знае да го каже. Има деца што не чувствуваат болки, а Божидар не е до толку. Само не знае да го објасни тоа што го мачи.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Средното училиште „Лазар Танев“ нуди кетеринг за сите заинтересирани правни и физички лица кој го изработуваат учениците...

Децата исто како и возрасните се изложени на стрес и затоа пожелно е навреме да учат како да се справуваат со него. Ринг...

Розеола е акутна болест на доенчиња и мали деца што е проследена со висока температура и осип на кожата

Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати наставничката на Никола...
