Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Пиете кафе, загледани во една точка, а тишината ви ја гали душата. Ја вдишувате длабоко, како свеж планински воздух, бидејќи знаете дека трае кратко и дека пак ќе се врати вечер, кога децата ќе заспијат. Замислени, размислувате за денешните обврски, за тоа што ќе правите за ручек, кој кога има тренинг, кога е рокот за плаќање на сметките, дали ги спростривте алиштата или ги оставивте да мувлосаат во машината...
- Мамо!
- Добро утро душичке, се наспа?
- Да. Каде ми се чорапите?
- Во втората фиока, каде што обично стојат.
- Мамо! И јас станав.
- Добро утро и тебе. Чорапите се во втората фиока и кажете му на брат ви дека чорапите се во втората фиока.
- Добро утро мамо. Да не знаеш кадфе ми е плавата маица?
- Добро утро сине. Маицата е за перење, земи некоја друга.
- Мамо, што мислиш, зошто пастата за заби е во три бои? Да не е тоа знамето на некоја држава?
- Мислам дека таква ја направиле за да ви биде поинтересна. Сакаат да се разликуваат од конкуренцијата.
- Мамо, што е тоа конкуренција? Ми го нема другиот чорап.
- Конкуренција е.......ама како може да ти го нема чорапот, кога синоќа ги ставив заедно? Еве ви сендвичи и овошје за на училиште и изедете ги. Немојте да ги најдам во ранецот.
- Мамо, дали оваа салама е од свињи? Ако е од свињи во ред, а ако е од крави тогаш ми е жал да јадам. Јас ги сакам кравите. Мамо, постои виолетова крава како онаа во рекламата?
- Сендвичите се со шунка од мисирка, во ред е тоа?
- Кутрата мисирка, таа имала и мајка и деца па ја убиле и ја ставиле во салама за на училиште.
- Можете да плачете по мисирката цел голем одмор, или да јадете јаболко, тоа немало мајка.
- Мамо, а баба е постара од тебе?
- Е фала многу, нормално дека е постара, затоа е баба.
- Мамо...
- Одете прашајте го нешто татко ви.
- Тој вели дека ти се' знаеш подобро и да те прашаме тебе. Мамо, каде ми се патиките за физичко?
- Патиките се лево од плакарот во жолта кеса.
- Мамо, лево нема кеса. Има една десно, ама не е жолта.
- Тргнувајте, не чекам никого, ќе задоцните на училиште.
- Мамо, учителката рече да дојдеш на училиште, а мајката на Ања рече да дадеш 500 денари за поклон за 8-ми март за учителката. И ми треба глина за ликовно.
- Мамо, мене ми треба агломер, шестар и фломастери.
- Мамо, може да го отворам прозорецот, лошо ми е.
- Отвори го.
- Мамо, можеш да ја пуштиш онаа песна од училиште? Онаа што ја пее некоја жена?
- Можам, еве пуштам.
- Мамо, зошто мачките се проклети?
- Мачките не се проклети. Мачките се само мачки...животни, како и сите други. Тоа што некои мислат дека мачките носат несреќа, тоа е чисто суеверие...И да, суеверие е кога веруваш во некои работи, битија, предмети и настани кои носат несреќа. Тоа е глупост.
- Мамо, ова дрво никнало само или го засадил некој човек?
- Го засадил човек за да ја разубави околината и за да има повеќе кислород (сфаќам дека покренав лавина)
- Мамо, а ако нема кислород, сите ќе умреме?
- Да, но тоа не е можно да се случи, затоа не грижете се, нема да умреме.
- А ако умреме ќе не јадат бубачки и црви?
- Па знаете како изгледа свежа банана, а кога ќе отстои станува кафена. Така и ние ќе изгледаме кога ќе умреме, но после некое време.
- Бљак! Јас ќе бидам убава кога ќе умрам.
- А да ја смениме темата, што велите? Има некој симпатија? М?
- Мамо, мене Стефан ми рече да се омажам за него на сред час.
- Опа, јас мислев дека сте во фаза на споменар, ова ми изгледа како нешто сериозно.
- Мамо, јас не сакам да се омажам ниту за него, ниту за никого.
- Па немој. Рано ти е.
- Мамо, јас немам симпатија. Во мене никој се нема заљубено.
- Полека ќерко, се во свое време.
- Мамо, ама јас не сакам никој да ме бакнува во уста.
- Нема никој да те бакнува во уста додека не му дозволиш. А ќе му дозволиш кога ќе пораснеш и кога ќе ти се допаѓа тоа.
- Бљак! Никогаш нема да ми се допаѓа.
- Мамо, јас го заборавив блокот и опремата по физичко.
- Е па тогаш добиј единица по ликовно и физичко. Јас ти напоменав да ги земеш.
- Мамо ме сакаш?
- Те сакам најмногу на светот, до крајот на универзумот и назад.
- Јас тебе те сакам повеќе.
- И јас те сакам.
- Јас мамо те сакам најмногу.
- Ајде деца, стигнавме, излегувајте еден од еден и извадете ги своите работи од колата.
- Чао мамо, чааааааааааааааооооооооооо!
Им мавтам со насмевка на лицето. Знам дека наскоро се враќам дома во својот рај преполн со тишина, со свежо сварено кафе, кое е идеално изладено. Си сокрив и парче торта само за мене. Нема веднаш да почнам со работа. Ќе читам во тишина половина час. Ќе ги слушам птиците, ќе го галам кучето, ќе ги налакирам ноктите. Ми остануваат 4 часа додека тастерот “Мамо” не се вклучи повторно. Тоа време е драгоцено, исцелително, инспиративно. За тоа време ќе правам што ќе посакам. Никој никогаш нема да знае дека пуштам музика и играм пред огледало, дека ги обожавам долгите разговори со кумата по телефон. Во тие четири часа трае мојот бал и јас му се радувам секое утро.
забава Бремените
Автор: bobik
Навики што тивко ве дебелеат. Како да ги смените?
Не се секогаш големите оброци или слатките во полноќ причината за ната...
Промена на рутина при променливи температури
Температурните осцилации не влијаат само на расположението, туку тие о...
8 грешки што ги правиме на екстремни горештини
Летните жештини се повеќе од непријатност. Тие можат да бидат и опасно...
Враснатиот нокт или медицински познат како онихокриптоза е честа појав...
Кашлицата кај малите деца е чест и често вознемирувачки симптом кој мо...