vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Стручњаците утврдиле дека мајчиниот глас го смирува детето, му ги намалува евентуалните болки и го охрабрува. Во комбинација со прегратка мајчиниот глас е лековит и има благотворно дејство на емоционалниот и психофизичкиот развој на детето.
Во истражувањето учествувало 61 девојче на возраст од 7-12 години, а целта на испитувањето била да се открие дали мајчиниот глас ќе биде подеднакво утешен како нејзините бакнежи и нејзината прегратка.
Девојчињата биле ставени во стресни ситуации, како што се решавање на математички задачи пред судии. Пред да го направат тестот измерено им е нивото на два многу важни хормони - нивото на кортизол, хормонот на стрес и нивото на окситоцин, хормонот на љубовта.
Се претпоставувало дека мора да дојде до контакт меѓу мајката и ќерката за да дојде до лачење на окситоцин, но истражувачите сакале да видат што ќе се случи со нивото на хормони откако девојчињата ќе извршат телефонски разговор со мајката.
Кога девојчињата завршиле со решавањето на задачите поделени се на две групи и испратени во две соби. Во едната соба мајките ги дочекале своите девојчиња со бакнежи и прегратки, а во другата соба девојчињата разговарале по телефон со своите мајки.
Резултатите покажале дека кај девојчињата кои имале физички контакт со мајката пораснало нивото на окситоцин, а опаднало нивото на кортизол. Истражувачите дошле до изненадувачко откритие кога го измериле нивото на окситоцин кај девојчињата кои стапиле во контакт со мајката по телефон. Тие имале исто или приближно исто ниво на окситоцин како девојчињата од другата група.
По ова истражување потврдено е дека мајчиниот глас смирува исто колку и физичкиот контакт.
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...
Плач пред доење, глад или нешто друго?
Кога бебето почнува да плаче непосредно пред доењето, најчесто првата ...
Што им е најважно на бебињата за здрав развој?
За здравиот развој на бебето не се потребни скапи играчки, совршено ор...
Позитивниот ХПВ тест не значи автоматски дека е потребен третман. ...