Рецепт за пластелинот Play Dough
Состојки
- 2 чаши брашно
- 2 чаши вода
- 1 чаша сол
- 1 лажица зејтин
- 2 лажички лимонтус
Чашата за мерење е од 200 мл.
-Во еден сад измерете ги сувите состојки и измешајте ги.
Во тенџере одмерете ја водата, додадете го зејтинот и во него истурете ги сувите состојки и мешајте за да се соедини и да се добие кашеста смеса без грутчиња.
-Сега вклучете го шпоретот и на тивко варете ја смесата, ќе почне да се згуснува - мешањето ќе стане отежнато. Готово е кога ќе видете дека се формирало тесто од кое кога ќе откинете парче на раката ќе си почувствувате дека е податливо за понатамошна работа. Тргнете и истурете го на работната површина - продолжете да го месите за да целото тесто стане воедначено.
-Поделете го на четири дела и направете топчиња од секој дел. На средината на секое топче со палецот направете вдлабнатина и ставете од бојата која сте ја избрале. Продолжете да го месите топчето се додека целосно тестото не се обои. Исто така постапете и со останатите три топчиња тесто.
Пластелинот е готов.
Секое топче замотајте во стреч фолија или најобична најлон кеса, така ќе го зачувате повеќе време.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Играчки прилагодени на возраста на детето
Пред да купите играчки за своето дете, водете сметка тие да одговараат на неговата возраст. Еве неколку предлози...
3
Дали на децата треба да им велиме “Браво!”?
Било да се најдеме на детско игралиште, да посетиме детска градинка или училиште, или да појдеме на роденденска забава, ...
3
Др. Комаровски: Како да пораснете здраво д...
Ако детето два месеци трча гладно, валкано, босо – тоа му го чува здравјето цела година
3
Расправии пред детето?!
"Да не се расправаме пред детето!" - Оваа реплика често може да се слушне зад ѕидовите на многу домови во стремеж...
3