|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Летото е идеално за одвикнување од пелени

Редакција Рингераја, 26.7.2011
Доколку Вашето дете има меѓу 18 и 24 месеци, летото е идеално време за одвикнување од пелени.

image
/11


 

 

Многу мајки мислат дека за одвикнување од пелени е секогаш рано, па така многу деца и со три и пол години сеуште носат пелени.

За да не се доведете во таква ситуација, себеси и детето, искористете го ова лето. Олеснителна околност е тоа што облекувањето и соблекувањето се многу полесни (детето носи помалку слоеви облека),  заради топлото време не мора да се грижите дека детето ќе настине.

Во процената за спремност на детето постојат неколку важни моменти на кои треба да се обрне внимание: дали детето е заинтересирано да оди во тоалет, дали сака да носи гаќички и слично, дали е свесно дека пелената му е сува или мокра и дали се жали на мокрите пелени. Проверете дали детето со гестикулации или зборови најавува дека извршува мала или голема нужда и се користи ли во секојдневниот говор со зборови кои означуваат извршување на нужда.

Вооружете се со трпение и почнете со подготовки. Набавете неколку пара гаќички и резервна облека и носете го нокширот и кога одите надвор од дома. Кога еднаш ќе започнете – не престанувајте, за да не го збуните детето.

 

План

- Набавете нокшир (детето само нека го избере) или држач за WC школка.

- Извадете му ги пелените на детето и ставете му гаќички кои лесно се соблекуваат и облекуваат.

- Одведете го детето повеќе пати со себе во WC и објаснете му за што служи и како Вие го користите. Кажете му дека и тоа треба себе да врши нужда во нокшир или на WC школка.

- Кога ќе забележите дека детето дава знаци за вршење нужда, понудете му го нокширот.

- Ако детето се измочкало во гаќите немојте да негодувате само мирно кажете му дека сега е потребно да го пресоблечете.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Прва помош при полесни повреди на игралиште
Модринки, отоци, мали гребнатинки, мали исекотини...
5
Доцнење на говор кај децата
Во денешно време, повеќето од децата се подоцна прозборуваат.Загрижени родители бараат совети, помош, утеха насекаде.Но ...
4
Што треба да им кажувате на вашите деца се...
Во време како денешното со несопирливиот развој на технологијата и зголемениот број на обврски, понекогаш се чини дека п...
4
Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?