Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Усвојување на родителските вредности
За време на мојата работа сум сретнала родители кои за своето двегодишно или тригодишно дете знаеа да кажат “Јас ништо не можам да направам. Додека не го добие она што го сака, постојано плаче.” Таквите деца веќе научиле дека тие одлучуваат, имаат контрола и дека се помоќни од своите родители, што ниту ги прави среќни, ниту задоволни. А родителите кренале раце и своите деца не ги воспитуваат. За жал, на тие деца поголемо влијание при воспитувањето имаат медиумите, врсниците, соседството... Децата ги прифаќаат нивните, а не вредностите на родителите. Што од нив можеме да очекуваме кога ќе имаат 13, 14 или 15 години?
Децата заслужуваат воспитување без насилство, но и лидерство и насочување. Тоа значи дека родителите треба на своите деца да им ги всадат семејните вредности, да се постават помеѓу детето и неадекватните вредности кои во денешно време му се наметнуваат од сите страни и да бидат во состојба да ја превземат родителската одговорност, а со тоа да постават јасни, конкретни и добро дефинирани граници и цврсто да кажат НЕ кога ќе сметаат дека тоа е неопходно.
Добро поставените граници треба да бидат прифатливи и за родителите и за децата, а треба да бидат поставени пред да настане некаков проблем или пред да се закомплицира односот на родителите со своето дете. Границите се најефикасни кога се поставуваат во атмосфера исполнета со љубов, прифаќање и меѓусебно почитување. Но, често родителите попуштаат под притисок на детето, па не се доследни во своите граници. Тоа е покана детето да продолжи со своето неприфатливо однесување и пример дека родителот не го мисли она што го зборува и не зборува она што го мисли, а со тоа дека е во ред да не се почитуваат границите кои самиот родител ги поставил.
По што се разликуваат границите од наредбите и казните
Наредбите се темелат на казни и негативни последици, додека поставувањето на граници овозможува одминување на конфликти и играта на моќта меѓу родителите и децата. Границите не се темелат на детскиот страв од родителите, ниту на страв од лутина и казни, туку дозволуваат детето да ги доживее позитивните и негативните последици во сигурна околина и безрезервна родителска љубов. Такви граници дозволуваат на децата самите да бидат одговорни за своето однесување.
Не е добро да му кажете на детето “Нема да го гледаш омилениот цртан, бидејќи мораш да напишеш домашна.!” Но наместо тоа кажете му “Штом ќе ја напишеш домашната задача, можеш да го гледаш твојот цртан.” Иако е кажано исто, пораката е сосема поинаква.
Не е добро на детето да му се заканувате, туку треба често да го фалите и да му давате пример за прифатливо однесување и да му објасните што е неприфатливо однесување за едно дете, пред да му скратите некакви привилегии поради таквото однесување. Кратење на некоја привилегија на детето, никогаш не смее да значи кратење на родителската љубов кон детето или пак да биде пречка при задоволување на развојните и емоционални потреби.
На тој начин детето учи дека не може да добие се овде и сега, дека му се исполнуваат потребите, а не неговите желби, учи да биде чувствително и да се почитува себе и другите, па така за него нема ризик дека ќе се идентификува со насилните врсници и насилното однесување. Дете кое знае да ги почитува границите, лесно само ќе ги поставува. Ова е посебно важно во тинејџерскиот период, кога ќе треба да знае да каже НЕ на врсниците кои ќе го повикаат на насилство, крадење, дрога и алкохол.
Ваков начин на воспитување се гради секојдневно со безгранична љубов, трпение, почитување, фалејќи го детето, но и превземање на родителската одговорност за поставување и одржување на јасни правила и граници кои не смеат да се прегазат.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...