Boki77 во 10:13
на тема RE: ПХД Биопирамида
Пред да почнеме конкретно да разговараме за вашата работа дали може да ни објасните накратко за шеа путерот. Од што се добива, за што се користи, кои се привилегиите од неговото користење?
Шеа путерот е составен дел од сите наши производи. Тој се добива од плодовите на шеа дрво кое природно расте во Aфрика. Плодовите од него се уште се собираат рачно, се сушат и рачно се толчат со цел да се добие чист и природен производ, односно шеа путерот. Овој путер содржи состојки кои одлично ја оддржуваат еластичноста на кожата и е богат со витамините А, Б, Е, Ф. Самото дрво се нарекува и “дрво на здравје и младоста“ токму поради тоа што шеа путерот придонесува за помлада, поздрава и поубава кожа. Путерот има безброј придобивки и тоа: ја омекнува и хидратира кожата и спречува нејзино пукање (особено во зимскиот период, а во летниот период штити од негативните UV зраци), ги намалува иритираноста и црвенилото на кожата, ја враќа еластичноста на кожата, спречува појава на акни, помага при осетлива кожа, егзема и дерматитис и сл.
Кoга и како дојдовте до идејата да создавате производи за нега на лице и тело?
Идејата за создавање на природни производи за нега на лице и тело, односно најпрво природни сапуни, настана сосема спонтано, заедно со мојата сестра и мајка ми. Таа замисла да пробаме да изработиме природни сапуни за нега на кожата настана како реакција на потребата за поголема грижа за кожата во времето на KОВИД пандемијатa. Во тој период поради големата употреба на дезинфекциски средства ни се појави проблем со иритација на кожата. Првиот чекор беше истражување и едукација, а потоа и експериментирање со природни состојки за изработка на сапуни. Преку многу труд со континуирана едукација и тестирање, успеавме да развиеме формули за сапуни кои се природни, без употреба на хемиски супстанци, кои ја чистат и ја хранат кожата заради што можат да ги користат и луѓе кои имаат осетлива кожа. Откако ги изработивме првите сапуни, ги користевме ние за наша употреба, а потоа ги споделивме со нашето семејство и пријатели. Добивме многу позитивни коментари и поддршка, па тоа не само што нè охрабри, туку и нè мотивираше да ги споделиме нашите производи со други луѓе кои веќе покажаа интерес за сапуните и почнаа да не прашуваат како може да ги купат.
Како ги комбинирате состојките на вашите производи? Дали има некои посебни инструкции по кои се водите? Составот на нашите производи се базира на рецептури кои ни се претходно дефинирани. Тие се создадени со максимална посветеност и внимание со цел постигнување совршен сооднос на состојките. Нашата цел е да ги искористиме максимално хранливите материи од секоја состојка, обезбедувајќи квалитетни и природни производи. Секоја состојка се бира со внимание, со фокус на нејзините хранливи и благотворни својства за кожата. Притоа, ги комбинираме состојките во прецизни количини, создавајќи синергија меѓу нив. Внимание се обраќа на деталите, и сите производи се изработуваат со строг контролиран процес за да се гарантира квалитетот и ефикасноста на секој производ.
Каков е процесот на изработка на еден ваш природен сапун? Кои инструменти се клучни во вашата работа?
Нашите сапуни се изработуваат исклучиво по пат на ладен процес, со цел да се задржат сите хранливи вредности од состојките кои ги користиме. Се загреваат маслата и путерите на ниска температура, потоа следи процесот на сапунификација. Наредна фаза е лиење на смесата во форми со различни облици, во зависност од дизајнот на сапунот. Откако сапуните ќе се излеат во формите, започнува фазата на сушење на сапуните која што трае околу 4-6 недели, каде што сапуните се оставаат да се сушат и созреат пред да бидат спремни за употреба. Тоа значи дека за целиот процес на изработка нашите природни сапуни, се потребни околу 4-6 недели. Ова го вклучува времето потребно за изработка, сушење и стареење на сапуните, што резултира во висококвалитетен производ готов за употреба.
Од каде ги набавувате суровините за производите?
Дел од суровините кои ги користиме во производите ги набавуваме од локални фирми во Македонија, но поголемиот дел ги увезуваме од странство. Притоа секогаш внимаваме сите суровини да имаат проверено потекло и квалитет.
Дали имате некој фаворит меѓу вашите производи?
Сите наши производи ни се исклучително драги и се креирани со огромна љубов. Сепак, ако треба да издвојам еден фаворит, тоа би биле нашите природни сапуни. Тие се нашиот прв проозвод и заштитен знак, и нешто по што луѓето не препознааваат. Ова особено важи за сапуните кои се во уникатни форми како мафини, крофни и торти кои се комплетно природен производ и за кои што имаме огромна позитивна реакција и интерес од нашите купувачи.
Кои од вашите производи се најбарани? Како што напоменав и во претходно, најголем интерес има за сапуните кои се изработени во уникатни и несекојдневни форми, но сепак не заостанува интересот и за другите производи што ги нудиме како што се балсамите за усни, лосионот за тело, кремата за раце, особено поради високо квалитетните состојки кои ги користиме за нивна изработка. Кои се производи од вашиот асортиман може да се најдат на полиците на вашите купувачи? Нашиот асортиман на производи вклучува природни сапуни за нега на лице, креми и путери за раце формумирани за длабока хидратација и заштита на рацете, лосиони за тело, балсами за усни, а еден од нашите понови производи е и природен сапун за чистење на четки за шминкање.
Бизнисот го водите фамилијарно. Кој какви задолженија има во однос на истиот?
Производите најчесто ги изработуваме сите три заедно. Сестра ми дополнително е задолжена за маркетингот и правење на слики од производите, а јас најчесто сум задолжена за комуникација со клиентите и пакување на нарачките . Тимскиот дух кој владее кај нас придонесува за да созадваме производи изработени со многу љубов и со исклучително внимание и на најситните детали.
Дали некогаш сте размислувале на проширување и продажба надвор од границите на нашата држава? Можеби соработка со некој од светските брендови за козметика?
Иако имаме голема желба и мотивација за проширување на нашиот бизнис, ние веруваме во постепено напредување. Сакаме да одиме чекор по чекор, осигурувајќи се дека секој нов чекор е добро размислен и подготвен.
Се надеваме дека во иднина ќе имаме можност да ги споделиме нашите производи со луѓето од различни делови на светот и да изградиме успешни партнерства со разни брендови, тоа би била фантастична можност и огромен предизвик за нас.
Какви се вашите идни планови?
Во моментов работиме на создавање на новата летна колекција на природни сапуни, кои за краток временски период ќе бидат достапни за нашите купувачи. Истовремено, работиме на проширување на нашиот асортиман со уште два нови природни производи за кои моментално го додефинираме и тестираме составот. Тие нека останат како пријатно изненадување од нас во наредниот период. Исто така сакам да споделам и дека работиме на содавање на нашата прва онлајн продавница за продажба на производите која се надевам дека ќе биде достапна за краток период.
Збор два за крај на разговорот..
Најпрво сакам да испратам голем поздрав до Вашите читатели и да ви се заблагодарам за интересот кој го покажавте за нашиот мал бизнис и можноста многумина да не запознаат одблиску.
На наше големо задоволство во Македонија има се повеќе и повеќе луѓе кои се интересираат, сакаат да користат природни производи и го препознаваат квалитетот и посветеноста во рачните изработки.
Ние сме многу среќни и задоволни поради големиот број позитивни повратни информации што ги добивме и знаењето дека нашите производи направиле позитивен влијание и предизвикале задоволство кај нашите клиенти, па тоа нè мотивира и понатаму да се разиваме и да го зголемуваме асортиманот на производи
За крај сакам да порачам да користете природна козметика и производи кои ќе и го подарат најдоброто од природата на вашата кожа.
Истовремено, со тоа ќе ги поддржите и малите бизниси кои со огромна љубов и внимание ги изработуваат своите производи. Вашиот избор за природна козметика не само што ќе придонесе за грижа на важата кожа, туку и ќе го покаже вашиот допринос кон малите бизниси и природата.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Што ве чека во првите три месеци од бременоста?
Доаѓањето на бебето комплетно ќе го промени вашиот начин на размислува...
7 совети за подобро да спиете додека сте бремени
Спиењето не е лесно кога имате трудничко стомаче. Еве 7 совети што мож...
Колку сон им треба на бебињата? Табела за родители
На бебињата им треба многу сон, но колку точно на секоја возраст? Овој...
Нормално, разбираме „рамни стапала“ како намалување на висината на над...
Искривените заби кај децата и кај возрасните се честа појава која може...
Расположението во бременоста.
Admin
Дали сте имале ненадејни промени во расположението за време на бременоста?