Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
/11
Иако за родителите овие ситуации можат да бидат исцрпувачки, важно е да се разбере дека зад ваквото однесување најчесто стои потреба, фрустрација или желба за внимание.
Зошто децата кукаат и плачат?
Малите деца често немаат доволно развиени комуникациски вештини за јасно да кажат што чувствуваат или што им треба. Затоа, плачењето и викањето стануваат нивен начин на изразување.
Најчести причини се: замор, глад, досада, преоптовареност со емоции или едноставно барање внимание.
Останете смирени во ваквите ситуации
Вашата реакција има огромно влијание врз детето. Ако возвратите со викање, ситуацијата често станува уште понапната. Наместо тоа:
- зборувајте мирно,
- користете стабилен тон,
- покажете дека слушате.
Децата учат за регилирање на своите емоции преку пример.
Поставете јасни граници
Важно е детето да знае дека кукањето не е начин со кој секогаш ќе го добие тоа што го сака.
На пример објаснете дека ќе слушате кога зборува мирно и не попуштајте веднаш на секое барање кое е проследено со плачење.
Ова му помага на детето да разбере дека постојат здрави начини на комуникација.
Научете го да ги именува емоциите
Наместо само да му кажете „не плачи“, помогнете му да разбере што чувствува.
Кажете му„Гледам дека си лут.“, „Изгледа дека си разочаран.“, „Во ред е да бидеш тажен.“
Ова ја развива неговата емоционална интелигенција.
Понудете му избор
Кога е можно, дајте му чувство на контрола. Користете реченици како: „Сакаш ли прво да се облечеш или да ги измиеш забите?“, „Сакаш црвената или сината маичка?“ и слично.
Ова често ја намалува фрустрацијата.
Игнорирајте го ваквото однесување кога сака внимание
Ако кукањето е начин да привлече внимание без реална потреба, понекогаш најдобро е мирно да не реагирате веднаш, а внимание да дадете кога ќе се смири.
Пофалете го доброто однесување
Кога детето ќе се изрази мирно или ќе се смири пофалете го и покажете дека го цените трудот. Позитивната контрареакција често е поефикасно од казнување.
Кукањето, плачењето и викањето не се знак дека детето е разгалено или непослушно. Тие најчесто се дел од учењето како да се справува со своите чувства. Со трпение, доследност и мирен пристап, родителите можат постепено да го научат детето на поздрави начини на комуникација.
Најважно е да запомните дека секоја ваква фаза поминува, а вашата смиреност е најсилната алатка во тие моменти.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се справите со детскиот бес?
Детскиот бес е нормален дел од растењето. Иако за родителите може да б...
Дали летото влијае на плодноста?
Летото кај многу луѓе носи повеќе енергија, подобро расположение и пом...
Најважни здравствени навики пред планирање бременост
Планирањето бременост започнува со грижата за телото и менталното здра...
Како доењето помага во враќање на тежината?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога и како телото ќе се врат...
Зошто баба и дедо се толку важни во детството?
Во свет каде што децата растат опкружени со технологии, брзо темпо и п...