vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Оваа година е јубилејна 10 годишнина од прославувањето на Европскиот ден на јазиците кој се прославува секоја година по иницијатива на Советот на Европа во 47те земји членки.
Настанот претставува можност да се нагласи важноста од изучување на странските јазици во Македонија, но и да се прослави мултилингвизмот бидејќи според убедувањата, говорењето повеќе јазици претставува алатка за поголемо разбирање меѓу народите и клучен елемент во богатото културно наследство на нашиот континент. Прославата вклучува изведба на детска претстава и музички забавен дел преку кои ќе се пренесе пораката за мултилингвизмот. Истата ќе биде збогатена и со штандови на кои Амбасадите и Културните Центри на Германија, Италија, Франција, Словенија, Хрватска, Холандија, Турција и Институтот за македонски јазик ќе ги промовираат своите јазици. Британскиот совет е одговорен за промоција на англискиот јазик и во состав на сопствениот штанд ќе додели дипломи по англиски јазик од реномираниот Универзитет во Кембриџ.
Своето присуство на прославата го потврдија Министерката за култура на РМ, г-а Елизабета Канческа-Милевска, г-н Роберт Лидл, Шеф на делегацијата на Европската Унија.
Прославата ќе биде збогатена со многу игра, забава, и музика, и со учество на нашиот овогодишен евровизиски претставник Влатко Илиевски, кој ќе биде и водител на настанот.
Британски совет ја поддржува Асоцијацијата на наставници по англиски јазик и книжевност (ЕЛТАМ) во прославата на овој ден. Поддршка за настанот обезбедуваат и Град Скопје и интернет порталот Рингераја.
» ЕВРОПСКИ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ « Зборуваме на различен јазик, но сите играме, пееме и се радуваме на детството
10-14 часот, 25 септември 2011, Градски парк Скопје
Програма на бина:
* воведен говор на водителот Влатко Илиевски на настанот.
Останати активности, надвор од бината: - активностите на штандовите на земји членки на Совет на Европа - Креативно катче - во овој дел децата ќе можат да се натпреваруваат, да цртаат, бојат, разгледуваат фотографии, играат memory game. Ќе се овозможи и цртање на различни знамиња на лицата на децата. |
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...