|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кога децата сфаќаат дека НЕ значи НЕ?

Редакција Рингераја, 24.7.2013
Децата страдаат од еден облик на амнезија заради која пред третата година не можат да создаваат долгорочно сеќавање. Пред таа возраст оптоварени се со радозналост и игра

image
/11


 

 

И покрај предупредувањата и казните, малите деца упорно ќе превртуваат работи од масата, ќе скокаат од поголема височина, ќе се обидуваат да фаќаат во струјата и ќе прават уште многу други забранети работи бидејќи страдаат од детска амнезија, кажуваат научниците од Детската болница  во Торонто. Брзиот развој на нервните клетки во хипокампусот – делот на мозокот задолжен за создавање на долгорочна меморија, му оневозможува на детето да памти што смее, а што не смее да прави.

Бидејќи нервните клетки ќе се развијат дури по третата година, дури едно од десет деца пред таа возраст успева да формира и да задржи долгорочно помнење.

- Детето учи толку многу во првите години од животот што доаѓа до затрупување со информации. Заради тоа детето не е концентрирано на предупредувањата на родителите, туку на учење на светот, заклучи креаторот на студијата Др. Пол Франкленд.

Секако, тоа не значи дека децата пред три години не памтат ништо, но мозокот ги подредува сеќавањата без ред, заради што детето не може своеволно да посегне во меморијата и да се присети на нешто. Заради тоа не треба да се нервирате ако децата не Ве послушуваат. Тоа најчесто не е намерно и не е показател на лошо воспитување.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Направете сами: Креативни бебешки креветчиња
Во целата еуфорија околу исчекувањето на новиот член, важно е трезвено и совесно да пристапите кон уредување на неговото...
4
Детска непослушност: Ти не си ми шеф!
Непослушност. Она што најмногу ги мачи родителите. Вие треба да сте главни, нели? Но што правиме кога не можете да се сп...
3
Не разговарајте со мене додека детето има ...
Не ме осудувајте. Не ме гледајте попреку. Не си замислувајте дека со еден шепот можете лесно да го решите проблемот. На ...
3
Децата и пролетниот замор
Пролетниот замор е вообичаен не само за возрасните, туку и за децата. Дознајте кои се најефикасните средства кои го ...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?