|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да станете смирена мајка за 21 ден?

Непознат автор, 15.4.2016
Зар играчките расфрлени низ цела куќа се толку голем проблем? Зар валканите ѕидови нема да се варосаат? Зар чаршавот нема да се испере? Зар детето ќе биде гладно ако не изеде баш се што сме ме рекле?

image
/11


 

Никогаш не се сметав себеси за лутка.Дури и луѓето ме доживуваа како “таа која секогаш се смее и секогаш е позитивна”. Додуша, се замислувам себеси како успешна деловна жена со пет деца, па еве денес ниту работа имам, а и овие две деца што ги имам се премногу

Кога станав мајка дојде до тотална промена во моето однесување. Се соочив со својот темперамент, бидејќи одредени однесувања и постапки ја менуваа мојата толеранција. Почнав да се нервирам за се она што не е во склад со тоа што јас го замислував и што ја нарушува рутината која јас ја воспоставив. Тие силни емоции кои не водат во животот, се комбинираат и менуваат со неверојатна брзина што ќе помине време после кое нема да можеш да сфатиш што се слушува и кој си ти всушност. А јас сфатив дека станав невротична мајка која не знае каде удира, која сака да биде се на место, сите сфери да функционираат беспрекорно и кога ќе ги доведе до совршенство – паѓа мртва од замор, ја истресува последната микрогранула енергија на најмилите и тоа низ трансформација од лик на мајка во лик на некоја изобличена појава на жена, која не ја познавам ниту јас, а камо ли моите деца.

Сфатив дека е време за промена, кога старото дете ме погледна исплашено во една епизода “Детето беше непослушно, а мама се претвори во чудовиште”.

Ниедна промена не може да се случи преку ноќ. Јас се подготвив. Кажуваат дека е потребен 21 ден за да се измени некоја навика или однесување. Мене ми требаа неколку денови (читај 15) за мозокот да ја прифати оваа моја идеја., потоа неколку денови (читај 7) за да почнам да ја применувам, а потоа идејата ја  имплементирав во моментална експериментална фаза.

I дел – Да се престане со викање

II дел – Да се ужива во моментот

Дозволуваме ситниците да ни го кројат животот и несвесно им се препуштаме. Зар не е всушност преубаво да го гледате детето како јаде самостојно? Зар не е фантастично тоа што детето дава се од себе за да одбрани гол, фрлајќи се на земја? Зар зелената трага на панталоните не е доказ за една животна борба за која го подготвуваме детето?

Мајчинството ми донесе спектар на емоции. Таа работа е многу тешка за раководење кога личноста е лута и е под стрес. А емоциите можат да направат хаос.

Моето постаро дете, кое е во некој предпубертетски период, стално ги испитува и испробува моите граници. Не очекував таква промена во однесувањето. Го тестираше секој мој збор, секоја моја одлука.  И еден ден изгубив во таа игра. Почнав да викам. Реков викам? Почнав да УРЛАМ! Бев страшно лута! Зошто не сака да ме послуша? Зошто секоја работа морам да ја повторам милион пати?Тој ме гледаше, вчудоневиден и исплашен. Но тоа не-слушање ќе продолжи откако ќе заврши моето лудило.

Она што прво го сфатив во проучувањето на моето ново јас, е дека многу работи ги доживувам лично. Се нервирам кога детето нема да ме послуша во истата секунда. Едноставно ми се пали црвената ламбичка за стрес, почнувам да викам, детето се собира во положај на фетус, јас имам грижа на совест, се смирувам и никому ништо.

Сфгатив дека мора нешто да променам и да престанат нештата кои се нормални во однесувањето на детето да ме вадат од колосек.

Ова се некои техники кои ги користев, во зависност од ситуацијата:

  1. Се договорив со сопругот штом ќе забележи дека сум одлепила, а тој забележува и пред мене – да се вмеша и да ја спаси ситуацијата.
  2. Дишам длабоко и го задржувам здивот. Звучи едноставно но навистина помага за да се направи пауза.
  3. Ги затворам очите и дишам длабоко. Чувствувам како ми влегува мир во телото и како ја исфрлам негативната енергија.
  4. Оставам се' и ја напуштам просторијата.
  5. Замесувам тесто.
  6. Правам нешто креативно.
  7. Цртам.
  8. Одам во бањата, пуштам вода и ја слушам како тече.
  9. Земам книга и одлетувам во некој друг свет.
  10. Му поставувам прашања на детето. Зошто го направи тоа? Ќе сакаш да го собереш? Не очекувам одговор. Излегувам од просторијата.
  11. Излегувам од дома да прошетам. Дури и ако излезам со детето, ќе ми биде подобро.
  12. Замислувам дека сум во преполн парк и дека има публика. Таму не може да се вика.
  13. Го земам телефонот и и се јавувам на пријателката.
  14. Му кажувам на детето дека ми треба една минута, одам во другата соба и кулирам.
  15. Шепотам – тогаш децата најмногу слушаат.

Се што ќе дозволиме да не извади од такт е безначајно. Зар играчките расфрлени низ цела куќа се толку голем проблем? Зар валканите ѕидови нема да се варосаат?Зар чаршавот нема да се испере? Зар детето ќе биде гладно ако не изеде баш се што сме ме рекле?Зар една чаша Кока-Кола ќе го уништи црниот дроб? Зар оценките не можат да се поправат?

Сега со уживање гледам како моите деца ги прават тие палави работи, создавајќи ми мене спомени, а себеси драгоцено искуство. Не можам да кажам дека баш секогаш сум имуна гледајќи гино се учам, бидејќи длабоко во себеси некаде знам дека така треба и дека сум во право. А најважно од се е што се спознав себеси и не дозволив брзината на живеење да ги голтне најубавите моменти.

И да, експериментот за промени во однесувањето е успешен и пред 21 ден.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Логопедски игри за деца со развојни потешк...
Логопедски игри за развивање на сознајните функции и способности на мозокот кај децата, или развивање на елементарните ...
8
Правилен раст и развој на децата
Пореметувањата во развој на најмладата популација на коскено-зглобно-мускулниот систем се секогаш актуелен проблем. Дене...
4
Кога е време за логопед?
“Моето дете не зборува” “Сеуште не изговара Р, а има 3 години” “Почна да пелтечи” “Моето дете погрешно чита” Помош?
4
Татковци...што би правеле без нив?
Колку е фигурата на таткото важна во животот на децата, потврдуваат многубројни истражувања. Можеби вие не се сеќавате, ...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?